Home » , , , , » Vertigo (1958) [Рецензија]

Vertigo (1958) [Рецензија]

Madeleine: Only one is a wanderer; two together are always going somewhere

Импресивната психолошка трилер-драма „Вртоглавица“ е номинирана за Оскар за најдобар звук и сценографија во 1959 година, но и наградена на меѓународниот филмски фестивал во Сан Себастијан во 1958, но и до ден денес важи за навлијателен филм од легендарниот режисер на трилер филмови Алфред Хичкок (Alfred Hitchcock).
Ова е филм во кој главен лик ни е емотивниот Џон „Скоти“ Фергусон (James Stewart), некогаш способен детектив од Сан Франциско кого сеуште го прогонуваат сеќавања од една несреќа која се случила за време на една потера по некој злосторник која се одвивала по градските кровови. Во еден момент Џон случајно се лизнува и обидувајќи се да и избега на смртта се задржува на еден олук од зградата. Неговиот колега се враќа да му помогне но наместо тоа, тој паѓа од зградата. 
Од тој ден Џон има страв од височина, па решава да се повлече од службата.  Во меѓувреме тој се опушта во друштво на романтичната сликарка Миџ Вуд (Barbara Bel Geddes), негова најдобра пријателка која е платонски заљубена во него.  Само некое време подоцна, Џон воден од љубопитноста се нафаќа да му помогне на неговиот пријател Гејвин Елстер (Tom Helmore) сопственик на бродоградилиште кој има проблеми со сопругата Мадлен (Kim Novak), која страда од необично психичко пореметување. 

Мадлен сака да скита низ градот без притоа да има одредена цел, или пак да гледа во еден портрет во музејот со саати. Но проблемот е во тоа што таа страда од амнезија и не се сеќава на тоа поминато време.  Џон ќе започне да ја следи неколку дена по ред, но веднаш штом ќе ја здогледа тој знае дека е заљубен во нејзе.  Низ неколкуте денови кои следуваат Џон ќе сфати дека таа е опседната со трагичната смрт на привлечната Карлота, девојка која извршила самоубиство на 26 години и чијшто портрет сега виси во музејот.  Откако дознава дека Карлота е погребана на едни мали гробишта, Мадлен ја посетува а веднаш потоа се обидува да се самоубие со тоа што скока во море. Џон успева да ја спаси при овој обид за самоубиство и меѓу нив се раѓа необична љубовна врска. Џон многу доцна ќе сфати дека Мадлен повторно ќе се обиде да се самоубие со тоа што ќе сака да скокне од црковната камбанарија. 

Овој филм е маестрално режиран од страна на Хичкок, така што тој ни покажува како може љубовта и страста да се употребат како оружје за манипулација и злосторство.  Приказната на филмот како што споменав е сместена на улиците од Сан Гранциско, град на западната американска обала, која благодарение на маестралната фотографија на Роберт Буркс (Robert Burks) изгледа како да е некој европски велеград.  Додека за музиката се има погрижено Бернард Херман (Bernard Herrmann).

Александар Арсовски | Филмска анализа

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates