Home » , , , » The Theory of Everything (2014)

The Theory of Everything (2014)

Stephen Hawking: There should be no boundaries to human endeavor. We are all different. However bad life may seem, there is always something you can do, and succeed at. While there's life, there is hope.

Биографска драма за познатиот астрофизичар Стивен Хокинг која е снимена според автобиографијата Travelling to Infinity: My Life with Stephen,  напишана од неговата поранешна сопруга Џејн Хокинг.  Британскиот режисер Џејмс Марш ова приказна ја пренесе на големото платно заедно со сите важни настани од животот на овој научник кој воопшто не се предаде на болеста која го имаше снајдено и во ниту еден момент не престана да создава, па така остави огромен белег во полето на модерната физика. Во визички хендикепираното тело остана брилијантниот ум кој ги помести границите во истражувањето во обидите да се открие барем дел од тајните кои ги крие универзумот.  Адаптацијата на споментатото литературно дело ја направи Антони Меккартен

Кембриџ 1963 година. Амбициозниот студент по космологија Стивен Хокин (Еди Редмејн) сака да најде објаснување како се е започнато, што довело до големата експлозија и како е настанат светот.  Во меѓувреме се заљубува во шармантната студентка по книжевност Џејн Вајлд (Фелисити Џонс), па така добива дополнителна инспирација да продолжи со проучвање на вселената. Меѓутоа, една сосема случајна незгода во паркот ќе открие една поразително горка вистина. Дијагностицирана му е амиотрофична латерална склероза,  тежок облик на пореметување на неуромоторичките способности на мускулите. Лекарите се со став дека му престануваат повеќе од две години живот. 
Џејмс Марш низ филмот држи рамнотежа меѓу деталите кои се однесуваат на приватниот живот и оние аспекти од животот кој тој ги има посветено на науката, од кои пак добиваме целосен увид на карактерот на една прекрасна личност. Со својата напорна работа, несомнено докажа дека, се додека човекот е жив има надеж. Стивен го задржа оптимизмот, а ведриот дух е токму еден од двигателите кои го влечеа нанапред кон импресивните научни достигнувања. 

Особено е допадливо што режисерски не е пренагласено прикажувањето на научниот дел. Недвосмислено, тоа би довело до монотонија и не би го задржало вниманието на публиката и би преминл во оквирот на стерилен документарец. Од друга страна, умешниот режисер го почувствувал вистинскиот момент кога една животна приказна да ја закити со дополнителни брачни предизвици кои се направени на многу суптилен и контролиран начин без преголемо претерување.  

Кастингот во овој филм е од огромно значење. Големиот продуцентски тим има направено одличен избор, барем кога станува збор за главната улога. Еди Редмејн е навистина фантастичен, успеа да направи навистина веродостојна трансформација која многу голго време не беше видена на филмското платно. Со сигурност оваа улога ја одбележа неговата кариера. Исто така Фелисити Џонс не е ништо помалку убедлива во својата улога. Таа на навистина интересен но суптилен начин на овековечи грижливата сопруга и пожртвуваната мајка Џејн, која секогаш беше со многу разбирање и зборови со поддршка кон својот сопруг. 

Од актерите исто така ќе го споменеме и Дејвид Тeвилс, како професор кој веднаш го претчувствува потенцијалот на младиот Стивен, но исто така нема да ја изоставиме и изведбата на Чарли Кокс, без разлика што овој шармантен наставник по музичко, Џонатан се појавува дури во втората половина на филмот. 

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates