Home » , , , , » Frozen (2013) [Рецензија]

Frozen (2013) [Рецензија]


Elsa: [singing] The cold never bothered me anyway.

Дејствието на филмот се заснова според бајката „Снежна кралица“ од Ханс Кристијан Андерсeн (Hans Christian Andersen).

Приказната е за две сестри Елса (Kristen Bell) и Ана (Idina Menzel) кои пораснуваат во голем дворец каде што крал е нивниот татко. Елса има способност да создава снег и мраз па додека си игра со својата сестра случајно ја повредува, а потоа родителите ја затвараат во нејзината соба.
После неколку години за време на крунисувањето, Елса донесува вечна зима во своето кралсто и потоа бега во планината. Ана со помош на младиот и симпатичен продавач на мраз Кристоф (Jonathan Groff) и снешко со име Олаф (Josh Gad) ќе дадат се од себе за да ја најдат и да ја вратат назад но исто така ќе бараат и начин како да ја поништат магијата.
Овој Дизниев филм не е нешто најдобро што излегло во нивна продукција, но во секој случај е забавен, привлечен и емотивен. Иако приказната за принцезите на Дизни е видена повеќе пати до сега, авторите со помош на прекрасната анимација, иновација како и интересните ликови направиле овој филм сепак да заземе значаен дел од нивната продукција, но и освои голем број на срца ширум целиот свет.
Овој филм е исполнет со прекрасна музика, додека музичката нумера „Let it Go“ е номинирана за Оскар во категорија најдобра музичка нумера.
Авторите на филмот Крис Бак (Chris Buck) и Џенифер Ли (Jennifer Lee) се познати по проектите Похахонтас, Малата сирена и сл, па така тие позади себе имаат многу искуство со тоа што работеле на многу филмови па од секој од нив земале по нешто најдобро.

За разлика од класичните бајки, овој пат акцентот не е ставен на љубовта меѓу некоја принцеза и некое момче, туку на сестринската љубов меѓу Елса и Ана. Од самиот почеток се прикачува нивната силна сестринска љубов која со тек на време станува се посилна и го доживува својот врв на самиот крај од филмот кога е дојдено времето да се полага најтешкиот испит.

Во филмот исто така има и два главни машки ликови како и неколку симпатични суштества но слободно можеме да кажеме дека Елса и Ана се главните јунаци на овој проект бидејќи нивната судбина зависи само од нив двете.
Ова е навистина топол проект  со одлична музика, прекрасна приказна, носталгичен но и со одредени комични моменти, така што секој љубител на анимирани филмови треба да го погледне.

Александар Арсовски | Филмска анализа

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates