Home » , , , , » Wayward Pines (2015 -)

Wayward Pines (2015 -)

„When you kill somebody in this town, they give you his job.“

Кога Блејк Крауч (Blake Crouch) го пишувал првиот дел „Pines“ од трилогијата „Wayward Pines“ веројатно не ни размислувал дека наскоро ќе добие негова телевизиска серија, и тоа со ѕвезди како Matt Dillon, Melissa Leo, Terrence Howard и Toby Jones во поголемите улоги. Чад Хоџ (Chad Hodge) успеал да ги претвори книгите во серија, а пилот епизодата ја режираше ни помалку ни повеќе туку М.Најт Шајамалан (M. Night Shyamalan) познат по филмовите како „The Sixth Sense“ и „Sings“ филмови со неверојатни пресврти кои и покажуваат на публиката дека не е се онака како што изгледа... а баш таков е и градот Вејвард Пајнс

Првата сезона во добра мера го следи дејствието на првата книга и потоа во слободен стил ја адаптира приказната од последните две книги.   Оваа серија доби низа на позитивни критики, а популарноста од епизода во епизода растеше се повеќе. 



Серијата Вејвард Пајнс, односно нејзината прва сезона претставува десет епизоден мистериозен трилер кој го следи тајниот агент Итан Берк (Matt Dillon) кој доаѓа во Вејвард Пајнс во потрага по двајца исчезнати колеги. Наизглед совршеното мество во Ајдах крие бројни мистерии на границата на разумот и одма во старт гледаме дека нешто не е како што треба. Освен што е јасно дека сите нешто кријат и дека многумина се уплашени и не можат отворено да зборуваат за работите а улиците како да водат во круг низ градот и никако не може да се излезе надовр. Берк останува шокиран кога ја наоѓа колешката која е исчезната во постара состојба од пред неколку недели,  токму онолку колку што помина од нејзиното исчезнување. Бидејќи ова беше прв ТВ ангажман на Најт Шајамалан тој се поставил како да работи на независен филм и во тој дух ги бирал и актерите.  Не само што успеал да го добие Matt Dillon за главна улога, на кој исто така ова му е деби на телевизија. Најт исто така успева да собере и одлична екипа за остатокот од улогите: оскаровката Melissa Leo, Juliette Lewis, Terrence Howard, Carla Gugino, Shannyn Sossamon и др. 

Приказната во првите пет епизоди го следи дејствието од првата книга од трилогијата, а остатокот од првата сезона има некој сопствен тек кој малку се разликува од книгите,  но исто така овозможува создавање на втора сезона од серијата. Од мистерии, преку решенија па до чудовишта и завери, па така првата сезона нуди се што треба да има една квалитетна ТВ серија. Бидејќи уште од самиот старт беше планирано оваа серија да има само 10 епизоди (поради тоа што поголем дел од ликовите не преживуваат) одлуката да се направи и втора сезона беше навистина изненадување, така што било потребно да се смисли нов пристап на приказната кој би овозмоил изоставување на добар дел од актерите од првата сезона, кои сега дел од нив се појавуваат во епизодни улоги, а дел и воопшто не се појавуваат. 



Во првата сезона дознаваме дека се наоѓаме во 4028 година и дека луѓето се развиле во чудовишта кои владеат со планетата, така што Вејвард Пајнс е единственото место каде што има останато хомосапиенси. Првата сезона завршува со влегување на чудовиштата во Вејвард Пајнс, со борба на жителите за градот и зарварањето на кругот така што на крајот на епизодата неговиот син, Бен се буди во болница (сцена пресликана од почетокот на сезоната кога Итан се буди во болница) и дознава дека власта ја превземале неговите врсници „Првата генерација“ на деца пораснати во Вејвард Пајнс. Градот наизглед е вратен во нормала -овој пат посурово, затоа што на бандерите висат лешеви со натпис „Не се обидувајте да го напуштите градот“.

Втората сезона започнува токму тука, 4032 година и никој не се прави дека живее во 21 век во идилично градче сместено во планините, а првата генерација владее со железна и немилосрдна рака.  Во втората сезона додаток е актерската постава Jason Patrick, Nimrat Kaur и Kacey Rohl. Според некои критичари втората сезона има целосно нов шмек, како да станува збор за друга серија - што пак за некои е сосема добро бидејќи овозможува на новите гледачи полесно да влезат во приказната.  Вората сезона не се концентрира толку многу на мистеријата на градот и неговото опкружување, туку на тоа да се објасни што понатаму. 




Александар Арсовски | Филмска Анализа



0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates