Home » , , , , , » Dunkirk (2017) [Рецензија]

Dunkirk (2017) [Рецензија]

„Colonel: You can practically see it from here.
Lieutenant: What?
Colonel: Home.“

Во текот на Втората светска војна, британските и сојузничките војници вклучувајќи ја и француската војска изгубиле од Германија во битката кај Данкерк. Повеќе од 400.000 војници биле заглавени на островот со германците, а понекогаш биле напаѓани и од германски бомбардери. Данкерк не е премногу оддалечен од Англија па дури и војниците можеле да ги видат островите но поради моменталната ситуација морале да чекаат да бидат евакуирани само од британската армија. 

Томи (Fionn Whitehead) кој е млади британски капер се обидува да замине дома и соработува со уште еден војник по име Гибсон (Aneurin Barnard) кој се обидел да дојде до бродот кој пренесувал ранети војници. Меѓутоа високиот офицер им кажува дека бродот е заминат па тие мораат да чекаат да дојде нареден. Во меѓувреме тие се запознаваат со уште еден британски војник по име Алекс (Harry Styles - член од групата One Direction).  Приказната која ги поврза нив е наречена „Мол“ и се случува во првата недела. 



Втората приказна е „Море“ и се случува за еден ден, каде што еден брод чии што капетани се Г-дин Давсон (Mark Rylance) и неговиот партнер кој е и негов син Петар (Tom Glynn-Carney) заминуваат во Данкерк за да може да им помогнат на заробените војници. Бродот требало да биде превземен од страна на морнариците но наместо тоа тие одлучиле да заминат сами.  Тие се тргнати на тешко патување во Данкерк каде што ќе се сретнат со различни предизвици.

Третата приказна се вика „Воздух“ која се случува 1 час. Приказна за тројца пилоти на авиони наречени Spitfire со својот водач на тимот , Фариер (Tom Hardy) и третиот член кој се вика Колинс (Jack Lowden). Нивната задача била да обезбедат воздушна поддршка во евакуацијата на Данкерк, како и отстранување на германските авиони кои се обидувале да го променат процесот. 



Dunkirk е дефинитивно уште еден класик на Christopher Nolan. На почетокот додека го гледате филмот ќе помислите дека приказната не е раскажана во вистинскиот редослед, а некои од вас нема ни да разберете што значи временската шема која се споменува во текот на уводната приказна.  Но во последниот дел од филмот ќе бидете целосно подигнати бидејќи тогаш приказните се испреплетуваат.  Така што еден совет доколку го гледате овој филм направете го тоа целосно посветено за да може да разберете што гледате.

Актерската игра на некои актери беше навистина уверлива и покрај тоа што во овој филм има само машки улоги и ниту една жена. Така што ако барате романтика, барајте ја на друго место затоа што Нолан направил солидна драма.  Навистина е неверојатно да гледате млади глумци кои играат ликови кои единствено нешто што сакаат е да преживеат. 

Исто така звучните ефекти во филмот се навистина добро сработени. Звуците од бомби и пукотници се навистина силни, а исто така и позадинската музика додава елемент на неизвесност. 



Ако сте љубител на филмовите од Нолан, тогаш не ни треба да споменам дека ќе уживате во овој филм.  Ако сте љубител на воени филмови, тогаш ова може да биде интересно за вас, но не очекувајте врвни воени сцени полни со крв низ целиот екран.  


Александар Арсовски | Филмска Анализа

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Powered by Blogger.

Архива

 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates