Home » , , , , » Ghost in the Shell (2017) [Рецензија]

Ghost in the Shell (2017) [Рецензија]

Dr. Ouelet: We cling to memories as if they define us, but... they really don't. What we do is what defines us.

Ghost in the Shell е американски научно-фантастичен акциски филм од 2017 година во режија на Rupert Sanders и сценаристите Jamie MossWilliam Wheeler и Ehren Kruger, кој се темели на истоимениот манга стрип од Masamune Shirow.

Во филмот играат: Scarlett Johansson, Takeshi Kitano, Michael Pitt, Pilou Asbæk, Chin Han и Juliette Binoche
Дејствието е сместено во блиска иднина каде што линијата меѓу луѓе и роботи е скоро прекриена. Главната приказна е со Мајор (Скарлет Јохансон), која е кибернетички супер војник кој сака да дознае повеќе за своето минато. 



Критичарите и љубителите на јапонските манга стрипови не го прифатија овој филм најдобро, најмногу заради изборот на актери. Најмногу им пречела Скарлет Јохансон, тие би сакале таа улога да ја игра некоја азиска глумица како што е и во оригиналниот стрип, а исто така имале замерки и за некои други ликови.  

Во овој филм се вложени 110 милиони долари а има заработено само 169.8 милиони долари, што се смета за големо промашување.

Oвој филм е адаптација на истоимен култен анимиран филм од 1995 година.  Приказната и не е толку револуционерна денес како што можеби била во 1995, но кога се во прашање односите меѓу човекот и вештачката интелигенција, т.е било какво експериментирање со роботика и кибернетика, се има покажано дека тие филмови имаат значителен успех и секогаш покажуваат нешто ново. 



За тие кои не се запознаени со оригиналот тие нема да имаат никакви забелешки кон Скарлет и ќе кажат дека таа си ја завршила одлично својата работа.  Имено таа во филмот има некој посебен шарм, некој посебен „дух“ кој го очекував од нејзиниот лик и можам да кажам дека совршено знае како и кога треба да реагира ладно, топло, храбро, загрозено и сл.  Пофалби може да се дадат и за остатокот од актерската екипа, иако поголемиот дел беа непознати, но независно од тоа тие се прилично добри. 

Најмногу се истакна Pilou Asbæk, кој го играше Батоу, член на полициската единица и партнер на Мајор, ликој кој секогаш беше пријатно да се види на екранот.  

Сите ликови во филмот имаат изградено некоја интересна сајберпанк атмосфера која на многу начини потсетува на Blade Runner.



Исто така треба да се пофали и интересниот стил на снимање, кинематографијата како и визуелните ефекти.  Градот во кое е сместено дејствието изгледа многу интересно и има свое „јас“, додека акциските сцени беа посебно стилизирани. Камерата беше прилично стабилна и во секој момент е јасно што се случува и што се нагласува.

Што се однесува до приказната мене лично ми се допадна, иако не сум некој голем познавач на материјата.  Уште на самиот почеток на филмот има неколку назнаки кои било кој гледач кој има малку повеќе познавање од филмскиот јазик ќе ги препознае.  Иако приказната ме држеше, како што одеше филмот кон крајот работите стануваа се по предвидливи, а и недостасуваше некој философски аспект на приказната, но исто така јасно е дека филмот не е целосно успешно пренесен од оригиналниот материјал. 

И за крај сепак станува збор за интересна приказна, која е добро снимена и составена. Скарлет повторно докажа дека може сама да држи некој филм или франшиза. 



Александар Арсовски | Филмска анализа


0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates