Home » , , , , » Spirited Away (2001) [Рецензија]

Spirited Away (2001) [Рецензија]

„Мора да има некаква грешка! Никоја од вие свињи не е мој родител.“

Првата асоцијација за Јапонија е секако аниме, познати по карактеристичната стилизација на ликовите и позадината, тие се настанати под силно влијание на манга стриповите. Постојат голем број на студија кои се занимаваат со анимација, но секако најпопуларно и најдобро е Studio Ghibli, кое било основано во 1985 во Токио од страна на неколку уметници на чело со Хајао Мијазаки (Hayao Miyazaki). Скоро секој филм кој излегува од ова студие е пофалуван и од публиката но и од критичката маса. Тие се претплатија на комерцијалниот успех во Јапонија и со тек на време стекнаа почит кај љубителите на анимацијата ширум целиот свет.

Пробувањето на пазарот се случи со извонредниот успех на филмот Авантурите на малечката Чихиро (Spirited Away), кој доби Оскар во категоријата за најдобар анимиран филм и Златна Мечка на фестивалот во Берлин. Но освен тоа овој филм го држи рекордот за најгледан филм во Јапонија. 


Чихиро е десетгодишно девојче кое со своите родители се сели во мало градче во внатрешноста. Поради грешно свртување со нивниот автомобил тие се наоѓаат на едносмерна улица која завршува со влез во тунел. Тие одлучуваат малку да ја истражат околината и откриваат напуштено место со забавен парк. Чихиро наидува на дечко кој и соопштува дека е во опасност и дека треба да замине. Откако се врати кај своите родители Чихиро забележува дека тие се претворени во свињи и дека местото е полно со демони и духови, додека луѓето се претворени во животни...

Студиото Џилби имало и ќе има прекрасни филмови, но тешко дека ќе успеат да направат нешто толку совршено, да не речам магично како што е Spirited Away. Мијазаки напишал совршено сценарио полно со топлина, емоции, фантазија и креативности и потоа го понудил на студио кое перфектно ја завршило работата. Од самиот почеток пред нашите очи се менуваат сцени кои се преполни со специфични анимациски детали и со многу живи бои.


Анимациите претставуваат фантастичен свет преполн со живот со извонреден дизајн на карактери кои се уникатни, симпатични, ги има на сите страни и просто мамат секој од нив да биде испратен со поглед и насмевка. Ликовите се секако тоа што највеќе ќе ве вовлече во тој волшебен свет кој ќе го откривате заедно со Чихиро.  Веднаш емотивно се поврзувате со нејзе ќе бидете збунети и ќе чувствувате широк спектар на емоции, а токму поради таа зближеност се ќе доживуваме со многу повеќе возбуда. Освен ликовите и чудесниот свет, големо внимание е посветено и на работите како што се пејсажите или небото.

Шаренилото на фантастичниот свет е одлична подлога за приказна полна со топлина и човечност која прави за кратко време да заборавите дека гледате анимирани ликови место живи. Таа приказна е доста сложена и достигнува бојни универзални теми, пред се јапонската млада популација (несамостојноста и непочитување на возрасните) и грижа за околината (чистата Јапонија станува загадена),  како и незаборавните митови во историјата на Јапонија, но без претенциозно филозофирање.


Освен главната приказна има и неколку подзаплети. Филмот бил планиран да трае три часа, но Мијазаки поради потребата за дистрибуција извадил дел од сценариото. Жал ми е што тој исфрлен дел не е анимиран за да можело подоцна да се појави во јавноста некој director's cut. 
За сеопфатност и вистинско доживување препорачувам да се погледне верзијата на јапонски јазик, иако постои верзија на англиски јазик.  Како заокружување на целиот филм се извонредните музички решенија, особено насловната песна.


Spirited Away е вистинско ремек дело, не само на јапонската туку и на целата светска анимација - фантастична авантура сместена во магичниот свет на Хајао Мијазаки на кој едноставно не можеме да му најдеме мана.


Превод: Александар Арсовски

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates