Home » , , , » La La Land (2017) [Рецензија]

La La Land (2017) [Рецензија]

„I'm letting life hit me until it gets tired. Then I'll hit back. It's a classic rope-a-dope

За време на зимската сезона обично се претставуваат филмови кои се плански снимани и се појавуваат поради филмските фестивали. Тие филмови се занимаваат со сериозни теми кои многу лесно допирааат до публиката во емотивна смисла, како што е положбата на црнците низ текот на историјата во САД. Биографските филмови сеуште не ја губат популарноста и тие се процентуално најмногу застапени, а нив ги следи одично изведена поспора драма која поозбилната публика особено ја сака.

Меѓутоа секоја година во прв план излегува барем еден филм кој не се наоѓа во предвидената форма, а тоа најчесто се или филмови од некои прославени автори кои со нивниот статус заслужуваат почит или проекти кои ја слават историјата на Холивуд. Успехот на францускиот нем филм The Artist, кој е снимен по мотивите на дваесетите години од минатиот век наведе некои поедини автори да се позанимаваат и со таа тематика. Еден од нив е и Демиен Шазел (Damien Chazelle) кој се појави пред две години со одличниот филм Whiplash, во кој главна карактеристика е џезот. Неговиот нов филм повторно се базира на овој музички жанр, а снимен е во стилот на класичен холивудски романтичен мјузикл.

Во центарот на филмот La La Land е едноставна приказна за млад пар. Себастијан (Ryan Gosling) кој е талентиран џез пијанист и кој за својот живот заработува свирејќи во ресторан и на летни забави. Негова животна желба е да отвори свој џез клуб во кој ќе може да свири што сака, но исто така тој е загрижен и за судбината на џезот кој како таков полека изумира. Миа (Emma Stone) е млада актерка која се доселила во Лос Анџелес како би ги исполнила своите соништа, но сеуште нема успех на аудициите и работи како бариста во еден кафич. Нивната прва средба се случува во колона на автопат, а потоа во ресторан и на крај на една забава, па како логична последица на сето тоа е нивното зближување.  Приказната која ги следи е претставена  низ годишни времиња: зима, пролет, лето, есен и повторно зима.


Режисерот и сценарист Демиен Шазел со филмот Whiplash, кој е интензивна психолошка драма, покажа единствена способност да пронајде драма во музиката. La La Land е целосно поразличен филм, но исто така го покажува исклучителното чувство на авторот за музиката и нејзиното претставување. Тоа се гледа уште веднаш на првата сцена која се состои од долги кадри без резови. Во нив на автопат се изведува песна во која пејачи ги искажуваат своите желби како да доживеат успех во Холивуд. Ова е единствен масовен музички дел во филмот, а сите останати се доста интимни и најчесто го акцентираат главниот тандем или еден од нив двајца.

Не е важно дали е во прашање мала или голема музичка сцена, авторот успешно ги пресликува класичните карактеристики на овој жанр кој вклучува долги снимки кој ја прикажуваат реалната акција, широчината на кадарот која ги покажува сите учесници, како и двојните снимки на кои изведувачите работат заедно. Транзициите меѓу драмските и музичките делови се перфектно реализирани, а буквално секој филм е високо стилизиран. Како и во претходниот филм така и во овој има одлична камера и монтажа, може да се каже дека тие два сегменти се сведени до перфекција.


Генерално што се однесува до техничките карактеристики секој сегмент е одличен и без мани, а заедно прават една одлична компактна целина во која секој соработува на вистинскиот начин. Почнувајќи од режијата на Шазел и монтажерот, преку кинематографијата и луѓето задолжени за дизајн на сет, па се до костимографите и шминкерите. Очигледно е дека сите биле на иста страна и со јасна визија. Авторот низ текот на целата негова кариера соработува со композиторот Џастин Гурвиц (Justin Hurwitz), кој исто така и во овој филм направи одлична работа. Музичките делови се состојат од неколку оригинални песни (две беа номинирани за Оскар), кои се навистина заразни и певливи.

Техничката пефекција не следи некоја захтевна приказна, туку истата таа е сосема пристојна на жанрот романтичен мјузикл, но всушност вистинскиот проблем за овој филм е изборот на жанр. Овој тип на филмови нема популарност и бројна публика уште од средината на минатиот век и со самото тоа е разбирливо што доста од гледачите немаат намера да го гледаат или унапред го сметаат за преценет. Шазел сценариото го напишал уште во 2010 година, успеал добро да ја спои реалноста и фантазијата, старото и новото (на пр. музичка секвенца ја прекинува звук до мобилен телефон) и претстави нов свет во стар стил со доста носталгија и едноставно тоа не може на секој да му биде интересно за гледање. Исто така филмот е подолг за дваесетина минути од потебното, т.е некои делови може целосно да бидат отфрлени и приказната повторно ќе остане иста.


Било планирано главниот тандем да бидат Мајл Телер (Milles Taller) и Ема  Ватсон (Emma Watson), кои се откажале поради несогласноста од страна на Мајл со договорот,  а во меѓувреме Ема беше зафатена со снимањето на филмот Beauty and the Beast. Авторот за кратко најде замени. Ема Стоун и Рајан Гослинг по трет пат заедно играат главни улоги во заеднички филм, така што тие двајца имаат скоро опиплива актерка хемија и одлично се надополнуваат.  Но и покрај нивната непроценлива харизма која ја поседуваат, не може а да не се спомене дека и не се баш највистинскиот избор за овој филм.

Тоа пред се се однесува на Гослинг кој има ограничени вокални способности, додека гласот на Ема Стоун  има доста тенок глас. Тие едноставно не се спектакуларни во тој дел како ѕвезди на овој жанр од педесетите години на минатиот век, но можеби па и токму тоа било намерата на авторот - повеќе да бидат реални отколку магични. Во одредени сцени може да се види како Ема е подобра актерка од Гослинг. Од актерите вреден е да се спомене и Џ.К. Симсонс (J.K.Simmons), кој се појавува на неколку минути но доволно да остави впечаток.


La La Land е амбициозен, високостилизиран филм кој е технички изведен целосно беспрекорно и претставува омаж на класичните романтични мјузикли. Овој филм не носи со себе ништо ново револуционерно за да го промени филмскиот свет, но можеби и немал ни намера да го направи тоа.



Превод: Александар Арсовски



0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates