Home » » Влијанието на Кристофер Нолан на филмови со суперхерои и филмски маркетинг (2/2)

Влијанието на Кристофер Нолан на филмови со суперхерои и филмски маркетинг (2/2)


Ако го пропуштивте првиот дел од текстот посветен за Кристофер Нолан, притиснете ТУКА.

Филмовите со суперхерои секогаш биле атрактивни, но после Нолан, тие никогаш нема да бидат исти. Големите студија го повикаа Bryan Singer да ја рестартира франшизата на филмови за „Супермен“, која замре на сличен начин. Сингер направи добра работа а и филмот добро помина на благајните но не и кај критичарите, така да под притисок за поголем успех, тој речиси и исчезнува во прашината меѓу двата филмови на Нолан за темниот витез.  Влијанието на овој жанр на филмови беше доволно силно за да се појави нова адаптација за стрипот „Iron Man“, каде што Robert Downey Jr. е како Тони Старк, алтер егото на Iron Man, човекот кој уште како дете работел кај Бил Гејсом место кај Пол Ален.
Овој супрхерој своите принципи за суперхеројско делување ги испитува за време на трериот дел, додека во првиот дел го испитува моралниот почеток за производство на оружје со кое гине невин народ. Овој бум на морални дилеми и филозофско прашање околу тоа кој стои позади маската стана примес скоро во сите филмски жанрови.

Низ тој процес поминуваат и X-Men, Captain America, Thor и уште еднаш сите заедно во филмот The Avengers, кој ги поврзува споменатите три суперхерои и ги третира на ист начин, на еден поголем комерцијален начин. Овој филм ја добива публиката од главните суперхерои на Марвел, но сега се надополнети со маѓусебно спротивставени ставови кои се составен дел од човековата природа, односно сферата на интерес, од реалити програми, преку серии, па се до реалниот живот. 
The Amazing Spider-Man“ претставува свеж старт на неверојатниот Спајдермен, односно Peter Parker. Овој филм повторно по заслуга на Нолан се појавува на пазарот, така што овој филм сега има повеќе хумор и човечност колку да замачка очи но и да привлече публика со основен инстикт.

Во третит филм The Dark Knight Rises, Кристофер Нолан става точка на целата трилогија. Нолан повторно инсистира на преиспитување на личноста на самиот Брус Вејн и тој купува симпатии со една длабока приказна со која е лесно да се поврзе. Главната филозовска мисла на овој филм е прашањето кој е спремен да излезе од дупката? Кој е подготвен да работи за себе, да ја преиспита својата личност и да го унапреди делот кој не чини за да излезе од дупката? Таа дупка може да биде било што во очите на гледачот. Таа дупка и таа двојба претставува основна страница преку која е можно да се поврзат поединци кои го гледаат филмот и карактерите од филмот.  Кристофер Нолан заедно со својот тим повторно ја отвара вратата за експлоатација на карактери. 



Иако излезе неколку месеци после  „The Avengers“, тешко е а да не ги поврзеш тие два филма затоа што имаат сличен крај: жртвување на главниот карактер за доброто на целата планета
Иако има очигледни пропусти во приказната кои овој пат се малку поголеми од претходно, Нолан сепак не остава со оној впечаток исто како кај филмот „Inception“. Него сега го ангажираат заедно со Гојер за рестартирање на Супермен франшизата на која работи веќе испробан режисер на суперхоријски филмови од кој најголем беше „Watchmen“ кој беше пречекан на двосмислен начин во јавноста после слабо признатиот „Sucker's Punch“ кој беше по оригинална идеја на режисерот.Новиот филм за човекот од челик „Man of Steel“ го доби генијалецот Кристофер Нолан, каде што покрај ладниот пристап, аленизацијата и тешката комерцијализација успеа да привлече публика и да обезбеди продолжение во кој Супермен се поврзува со Бетмен. Супермен доби продолжеток во вид на серија „Smallwille“. 

Quentin Tarantino е можеби првиот кој посегна по темата идентитет на суперхерој низ карактерот на Бил во филмот „Kill Bill vol.2“, кога Бил заклучи дека само Супермен е вистински суперхерој и дека неговото алтер его е всушност Clark Kent, додека сите останати се слични на него во обратни ситуации. Инспирација за ваква тема е најверојатно големиот број на фанови на стрипови која по придвижува срцето на филмската индустрија и всушност претставува мотор на целата оваа приказна. 

Kick-Ass“ и „Superhero Movie“ се директно мотивирани од ултра актуелизацијата на Нолан за суперхероите, а додека филмовите „The Avengers“ и „Justice League“ како и „Green Hornet“ , „Green Lantern“ и „Hancock“ настанаа како тренд кој ја доживеа својата премиера.  Почетокот на филмот „The Amazing Spider-Man 2“ асоцира на почетокот на „The Dark Knight Rises“, и двата филма почнуваат со акција во авион, има сцена со борба, дефект и паѓа авионот. Не е возможно а да не се приметат физичките сличности меѓу Max Dillon (Jami Foxx) со старата веријзија и Aldrich Killian (Guy Pearce) во филмот „Iron Man 3“ но и почетниот несмасен настап кој го направи Jami Foxx со настапот на Richard Pryor во филмот „Supermen III“.



Истиот тој серијал на филмови за Супермен има многу неверојани гафови како што е вртењето на планетата околу сопствената оска како би се вратило времето, што е целосно нелогично  и целосно погубно само за жителите на планетата, па доволно е да се каже дека идејата е луда, затоа што со запирање на ротацијата на планетата, сите луѓе, се живо и неживо би полетало во воздух со огромна брзина. Режисерите губеле чувство за франшизата токму како што направил Шумахер и на крајот за да го завршан на начин што ќе кажат дека иако Супермен е вонземно суштество тоа сепак има чувства, но и дека сака да се напие некоја чашка пијалок, што целосно ја разлути публиката.  Од таа перспектива е сосема јасно зошто Нолан се повлече после три филма, затоа што постоеше голема можност за во четвртиот дел да ја изгуби контролата или да не го испланира текот на трилогијата и така би се дискредитирал себеси. Nicolas Cage направил одличен потег што не го сними Бетмен пред Нолан, иако веќе бил подготвен, а Christian Bale кој ја одбил понудата од 50 милиони долари за да ја репризира улогата. Неговиот пристаб беше ист како на нолан, не сакаше да ја наруши приказната на која веќе и ставија точка.

Меѓутоа, освен филозофската тема и разградување на режисерската нарација, Нолан успеа да го промени начинот на кој филмовите се рекламираат. Трејлерите добија целосно поразличен изглед откако Нолан го пушти трејлерот за „Inception“.  Очигледно е дека скоро секој следен филм добил поразлична димензија во претставувањето преку трејлер. Силната употреба на специфична музика и музички тонови ја смени малку музичката придружба која беше тука како нуспојава, приколка која удира по автомобилот наместо сирена која свири за сите да обрнат внимание на возилото.  Од оваа позиција тоа не е тешко да се забележи, но и да се спореди.  Не само што музиката го промени начинот на рекламирање филмови преку трејлери, туку настана е една нова метода на претставување на приказни по веќе пробаниот рецепт на Нолан.

Кристофер Нолан покажа како може да се комерцијализира филм, како да се рекламира, да се освежи една франшиза и сето тоа да се спакува во нешто што публиката ќе го сака и за што добро ќе плати. 



Автор: Златан Стаиќ
Превод: Александар Арсовски

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates