Home » , , , » Casablanca (1942) [Рецензија]

Casablanca (1942) [Рецензија]

„Луи, мислам дека ова е почеток на едно прекрасно пријателство“

Кога ќе погледнеме на листите за најдобри филмови некогаш снимени Казабланка се појавува скоро во секоја листа и тоа целосно заслужено.  Сценариото на овој филм е прогласено за најдобро сценарио со квалитет кој не опаѓа, публиката постојано се навраќа и легендарните сцени и дијалози Казабланка претставува материјал кој треба да биде како видео лектира и дефинитивно треба да го погледнат и луѓе кои не се љубители на филмот.

Дејствието е сместено за време на Втората светска војна во градот Казабланка кој се наоѓа на северозападниот дел од африканскиот континент. Главен протагонист е осамениот Рик Блејн, поранешен американски борец и сопственик на најпопуларниот ноќен клуб во градот, во кој под одредени околности доаѓа до две писма кои овозможуваат заминување во САД. Тогаш во градот доаѓа и нацистичкиот мајор Штрасер, кој со помош на локалниот капетан Реноа воведува ред и го апси чехословачкиот борец Виктор Ласзло, кој во градот дошол со неговата сопруга Илса. Илса е стара љубов на Рик, љубов која побегнала од него во Париз, но по решавањето на старите работи тие повторно се заљубуваат еден во дуг и решаваат заедно да побегнат од земјата.



Иако на прв поглед делува како класична љубовна приказна преполна со интрига, овој филм е невозможно да се окарактеризира само со еден жанр. Воено опкружувања, напнати сцени и убиства во комбинација со романтика и комични ситуации прават една совршена целина која привлекува внимание. Филмот обилува со незаборавни сцени кои се изучуваат во филмските институции. Дијалозите се одлично смислени и квалитетни, со реченици кои се цитираат и ден денес. Карактеризацијата на ликовите е направена максимално добро.

Што се однесува на техниката, филмот е направен толку добро што не е возможно да се најдат некои замерки, и навистина се наоѓа пред неговото време. Режијата е маестрална, фотографијата е квалитетна и целиот проект поседува одличен саундтрак.




Актерската екипа се состои од самиот крем на тогашната светска кинематографија. Во главната улога е Хемфри Богарт (Humphrey Bogart), кој со оваа улога се вброи во најдобирте актери на сите времиња. Одлична подршка му нуди и Ингрид Бергман (Ingrid Bergman) во улогата на Илса Лунд. Меѓу нив постои таква хемија што се добива впечаток дека се љубовен пар и во вистинскиот живот. Од остатокот на врвната екипа ќе ги издвоиме легендарниот Питер Лори (Peter Lorre) како и Клод Рејнс (Claude Rains) кој светна во улогата на капетанот Рено.

Квалитетот на филмот ги потврдуваат и осумте номинации за Оскар, а златната статуетка ја оденсе во категорииите за најдобра режија Мајкал Куртиц (Michael Curtiz) најдобро сценарио и најдобра фотографија.

За да се сфати целото дело во целост потребно е барем десетина пати да се погледни. Во секое ново гледање ќе приметите реакции, детали и нијанси кои сте ги испуштиле порано.
Доколку погледнете современ холивудски спектакал преполн со специјални ефекти и одма после него овој проект од златното време на Холивуд ќе ги видите суштинските разлики кои го одвојуваат филмот за забава од филм кој поседува вистинска вредност и квалитет.





0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates