Home » » Влијанието на Кристофер Нолан на филмови со суперхерои и филмски маркетинг (1/2)

Влијанието на Кристофер Нолан на филмови со суперхерои и филмски маркетинг (1/2)

Кристофер Нолан (Christopher Nolan) е еден од оние филмаџии кои успеале во совојата работа започнувајќи од нула и прескокнувајќи ја филмската школа.  Таквиот пристап кон филмскиот бизнис има свои предности и маани, но кога предностите се поголеми од маните кај некои поединци, тогаш ова второто не е ни битно. Кристофер својот филмски поход го започна со неговиот краток филм Doodlebug во кој на надреален начин го прикажува проблемот меѓу човекот и инсектот. Тој ја фаќа таа мизерна ситуација и и дава длабочина и одреден филозофски тон.  Тој триминутен филм беше вовед во неговиот следен проект Following, за писател кој сака да следи луѓе во голем град. Филмот прикажува една од трите ставки кои ги споменува Хичкок како формула за успешен филм: воајеризам.
Не е возможно а да не се пофали вештината на тој млад Нолан да сними долгометражен филм практично без никаков буџет.  Дома во куќата на неговите родители, кај пријателите, во кавиќот преку улица и на врвот на облакодер каде што не треба да се грижи за љубопитноста на минувачите. Невин набљудувач може овој филм да го кваллификува како незаменлив и недоволно вешт.

Филмот Following е најверојатно по својата тематика и конструкција на приказната независен и дебитантски Rear Window кој е во движење. На Нолан му било лесно да собере средства за можеби најконфузниот филм на сите времиња, Memento, кој се издвојува со својата наративна форма, покрај многуте дупки во приказната. Светот се повеќе вперуваше прст во режисерот и подоцна му беше доверен проектот Insomnia, во кој го модифицирал мистериозноста на филмовите од деведесетите и ги прилагоди на новиот XXI век. Филмот заработи два и пол буџети на благајните и тогаш беше пратен силен сигнал на големите студија дека наишле на златна жица која може да ја експлоатираат.

На Кристофер Нолан му е понудено да го превземе кормилото над веќе речиси мртвата франшиза за Бетмен која веќе претходно ја беше модификувал познатиот режисер Џоел Шумахер во нешто што е најблиско до онаа граница меѓу едноставна приказна и карактери во цртните филмови како и озбилен филм за зрела публика. Нолан во едно интервју изјавил дека ја прифатил оваа понуда како прилика да обезбеди дополнителни финансии за неговите идни проекти за кои претходно немал пари.


Приказна за нов филм носи колегата Дејвид С. Гојер и тие двајцата заедно пишуваат сценарио.
Прв чекот бил рестартирање на франшизата. Некои работни кругови имаат сосема едноставна политика на која пристапуваат а тоа е да се заборави на се што било претходни и да започне да се учи се од почеток. Тоа се чини како најдобро мото за реанимација на познатиот суперхерој, да се раскаже приказната од нула, но со нови елементи и во меѓувреме улек на грешките од неговите претходници.
Една нуспојава на ваквиот пристап е додавањето на филозофската дилема на самиот карактер. Тој на себе не гледа со едноставни очи, туку постојано си го поставува прашањето „Кој сум јас?“. Всушност, кој е Бетмен, тоа се прашуваме сите ние?! Тоа е суштината на целата работа, неговото алтер его, Бетмен, темниот витез. Овие проблеми ја преминуваат границата на филозофијата и се мешаат со психологијата, а таа тема ја допре и споменатиот Шумахер во неговиот Batman Forever кога Вал Килмер гледа лилјак во канцеларијата на Никол Кидман. Прашањето за идентитетот уште тогаш е започнато, а сега е целосно изнесено од мистеријата. Сите карти се фрлени и како што кажува самото име Batman Begins, Бетмен навистина почнува и од оваа точка, а потоа продолжува во уште два филма создавајќи целосен круг на трилогија.

Споменатиот филм станува хит на благајните и еднакво ценет кај публиката и критичарите. А пота беше време под тие услови да се подготви и продолжение, но Нолан не сакал да отстапи од неговиот план. Тој го снима волшебниот филм The Prestige кој е комбинација од сите негови досегашни филмски остварувања, заедно со David Bowie како магионичар над сите магионичари, мистериозниот Никола Тесла. Некои режисери имаат навика после некој голем хит да направат некој помал филм како освежување. На пример, после Одисеја, Stanley Kubrick  го направи A Clockwork Orange, a Quentin Tarantino после Pulp Fiction влезе во водите на адаптирање на книги во филмски сценарија и сними карактерен филм.

Кристофер Нолан се враќа на продолжетокот The Dark Knight во кој покојниот Heath Ledger најпрво претрпе низа на реакции во однос на неговиот иден перформанс како Џокеер, а потоа целосно го укрде целиот филм. Понекогаш тоа осудување однапред за нечија работа може да претставува и мотивација за да се направи уште подобра работа. Уште повеќе комерцијален и уште погласен и пофален после успехот на претходниот филм, му даде шанса на Нолан да го заврши и третиот филм, но не пред да го сними неговиот филм, Inception.

Иако е составен од сосема обична клише приказна во која голема бизнис корпорација се бори за да ја уништи конкуренцијата, необичноста е донесена со инкорпорирање во сон во целосно луциден свет кој го создал Нолан. Тоа е тој ист сон кој го собра воодушевувањето на публиката низ целиот свет, сон, дел на кој ние му даваме третина од нашиот живот, тоа надреално искуство кое сеуште нема вистинско објаснување. На науката и е познат терминот сон и луциден сон, но нешто вакво е целосно домен на фантастиката и плод на фантазијата кој е толку интересен што успеа да се вовлече под кожа.
Со својот познат стил, Нолан го пишува сценариото а потоа и го режира на шармантен начин, а потоа и ги купува симпатиите на публиката со единствениот Leonardo DiCaprio и мистеријата која ја остави да лебти по завршувањето на филмот, што е сон на секој режисер, тоа е да остават впечаток на гледачите и тоа чувство на уживање во филмот да го пренесат во сопствениот живот.

За да го прочитате вториот дел од текстот притиснете ТУКА



Автор: Златан Стаиќ
Превод: Александар Арсовски

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Powered by Blogger.

Архива

 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates