Home » , , » The Knick (2014-2015) [Рецензија]

The Knick (2014-2015) [Рецензија]

„Ние сме болница и ни треба кокаин за да опстоиме“

Серијата Хирург (The Knick) настана пред неколку години од продуцентската куќа Cinemaxx во режија на  Стивен Содерберг (Steven Soderbergh).

Хурург е внатрешен приказ на  професионалниот и приватен живот на луѓе кои се вработени во њујоршката болница (Харлем) на почетокот од минатиот век. Тие секојдневно се среќаваат со проблеми поврзани со финансирање, расни тензии, афери, огромната недоверба за новиете ефективни методи на лекување и сл. Освен тоа тука се и личните конфликти и егоизмот, а комбинација од сето тоа доведува до голем притисок на нивната личност, што неизбежно повлекува последици со себе. Во центарот на сите тие случувања сместен е Џон Такер, ценет хирург кој го мачат негови лични демони.

Режијата е на Стивен Содерберг, што само по себе е еталон за квалитет. Во соработка со продуцентскиот тим реши да ни покаже оголен приказ на почетоците од хирургијата и општо на модерната медицина, без притоа да има дошминкување, политичка коректност и без грижа за тоа што ќе рече цензурата.  Тоа што ќе го видите тука во оваа серија веројатно нема да го видите никаде на друго место со слична тематика - работите кои ги извршуваат медицинските лица се скоро одвратно реални. Покрај случувањата во болницата, акцент е додаден и на расната, класната и полна дискриминација кои владееле во тој период како и сеопштата тензија низ Њујорк.


Претставувањето на почетоците од модерната медицина е секако интересно, пред се поради тоа што ретко на кој му паднало на памет да размислува токму за тоа како хирурзите ја вршеле нивната работа во тој период. Денешните сосема нормални работи како што се анестезија или трансфер на крв тогаш биле не баш безбедни процедури, затоа што тогаш сеуште не се знаело за крвните групи. Исто така и медицинската опрема била на многу примитивно ниво, не постоеле силни електронски апарати за следење на состојбата и ситни грешки честопати воделе до смртен исход. Кокаин и опиум се користеле како легални лекови, но новната злоупотреба била прилично честа.

Џон Такер е главен лик и одлично е крактеризиран, но во неговата околина има плејада на шарени ликови од кои секој од нив е на некој свој начин дисфункционален, а со самото тоа и интересен. Тие поинаку се носат со професионалниот и личен предизвик, мотивите често пати знаат да бидат вистинските но моралот тешко пристигнува во таквите услови. Тоа пред се го мислам на ликот, доктор Едвард (Andre Holland) кој поседува брилијантна вештина на знаење, но има расни проблеми бидејќи е црнец.  Некои од пациентите се подготвени да трпат болки и нема да дозволат да им помогне доктор Едвард, што секако не влијае позитивно на неговиот морал.


Содерберг ни пружа артистички шмек од вистинската атмосфера и ни ги покажува неговите режисерски вештини. Обожавам долги сцени без резови кои просто го вовлекуваат гледачот во тоа што го гледа, глумците имаат можност да импровизираат по потреба и резултатот за уверливоста никако не може да се изостави. Во прилог на тоа доаѓаат и ефекти кои се користат за потребите на хирушките интервенции, а после некои од нив сигурно ќе добиете желба да се истуширате.

Ако би морало да се изнесе некоја мана, тоа евентуално би било спорото темпо на дејствието, кое мене лично не ми сметаше. Бавното темпо дополнително го истакнува квалитетот на серијата и трудот кој е вложен во сценографијата и деталите. За жал серијата после втората сезона е укината па Cinemaxx се посвети на други (исплатливи) проекти.


The Knick  е одлична драма која се заминава со модерната медицина и луѓето кои посредно или непосредно учествувале во неа. Содерберг ни пружа совршена можност да видиме што се случувало во болницата и социјалните студии со неповторливиот Clive Owen во главната улога.





0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates