Home » , , » Nebraska (2013)

Nebraska (2013)

Woody Grant: Have a drink with your old man. Be somebody!

Александар Пејн е ценето име во светот на филмофилите од едноставна причина што многу често кокетира меѓу мејнстрим и авангардниот филм - неговите филмови се наменети за широката публика, но со себе носат нешто повеќе што прави да не може така лесно да се сместат меѓу летните хитови, туку едноставно тоа се филмови кои немаат рок на траење. До сега во своите филмови има екранизирано романи и сам има адаптирани одредени сценарија (а за тоа е награден со два Оксари), неговиот последен филм по тоа прашање претставува преседан затоа што станува збор за оригинално сценарио. 
Главниот јунак во филмот, Вуди Грант (Bruce Dern), сенилен старец кој е убеден дека има освоено награда од милион долари. Неговиот син Дејвид (Will Forte) постојано го убедува дека не е во право и постојано го спречува во неговата цел а тоа е да оди за градот Небраска.  Како што поминува времето, Дејвид сфаќа дека Вуди ќе биде најсреќниот човек на светот доколку тргнат на тоа патување, па тој попушта и одлучува да одат заедно до тој град како би се уверил дека нема награда.  Иако изгледа како досаден патувачки филм, напротив тој станува идеална прилика да Дејвид малку подобро да го запознае својот татко, а на тоа патување тие двајца ќе се сретнат со многу ликови, меѓу кои се исакнуваат роднините како и пријателите на Вуди од неговата младост. 
Александар Пејн како да има докторирано на тематиката со патувачки филмови.  Тој на комичните ликови и ситуации им додава поприлично интересни и оригинални ликови кои ги сместува во чудни, но сепак во целост реални ситуации во кои ликовите се истакнуваат по своето незнаење, незрелост или тврдоглавост. Сценариото многу вешто балансира меѓу човековата драма  која сериозно се занимава со семејни прашања и комедија на ситуации и ликови со кои се среќаваат нашите двајца ликови.  Исто така ова е прв пат Пејн да снима филм во црно-бела техника. 
Бавниот ритам на филмот ни помаг  подобро да ги запознаеме ликовите кои под човековата едноставност, ароганција или незаинтересираност кријат нешто многу повеќе. Изненадувачки е фактот што на сценаристот Боби Нелсон ова му е всушност дебитанско сценарио за долгометражен филм. Тој со ова сценарио веднаш беше номиниран за Оскар.  Сценариото е изразито слоевите и претставува прекрасна студија на крактерот на ликовите. Очигледно е да Нелсон се има потрудено многу околу изработката на ова сценарио. 
Одличната актерска игра на овој филм му додаваат уште една доза на зголемена веродостојност. Пред се треба исто така да се спомене дека Брус Дерн е навистина фантастичен и многу интересен во играњето на сенилен и тврдоглав лик, како што е Вуди. Толку уверливо ја одигла улогата што е навистина тешко да се направи дистанца меѓу глума и вистина. Неговиот син Дејвид го глуми Вил Форте, Вил претходно има глумено во неколку комедии каде што не толку многу го има истакнато својот актерски талент, меѓутоа во овој филм тоа е навистина пријатно изненадување. Исто така треба да се спомене и Боб Оденкирк во улогата на вториот син на Вуди, Рос.

Овој филм имаше шест номинации за Оскар, па така тоа всушност е доволна препорака сама по себе. Доколку сте љубител на филмови со бавен ритам и интелигентна драма тогаш без сомневање ова е филмот за вас. 

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates