Home » , , , , » Captain Phillips (2013) [Рецензија]

Captain Phillips (2013) [Рецензија]


Captain Richard Phillips: There's gotta be something other than being a fisherman and kidnapping people.



„Капетан Филипс“ може да се постави во повеќе жанрови како акција, авантура, трилер и драма.  Овој филм има еден атрактивен елемент, а тоа е дека е направен според вистинска приказна. 

Приказната во филмот ги следи случувањаа каде што во фокус е капетанот Ричард Филипс (Том Хенкс). За време на пловењето на еден американски брод Maersk Alabama, на кој токму Филипс бил капетан во 2009-та година, во близина на крајбрежјето на западна Африка.  Во меѓувреме сомалијски пирати го напаѓаат бродот и го киднапираат капетанот Филипс. Овој филм делатно го прикажува овој настан  без дополнително навлегување на други детали. Сценариото за овој филм го има напишано Били Реј кое исто така во голем дел се заснова на книгата A Captain’s Duty: Somali Pirates, Navy SEALs, and Dangerous Days at Sea, чиишто автор е токму самиот капетан Филипс.
Глумата во ова остварување е на високо нниви, можеби не по сечиј вкус, но објективно заслужува пофалба. Посебно треба да се земе во предвид дека Том Хенкс е во главната улога. Хенкс има направено добра изведба на неговиот лик, а поготово е интересен при самиот крај на филмот.  Исто така покрај широката плејада на непознати глумци, особено може да се истакне улогата на Баркхад Абди, како водач на сомалиските пирати.  Оваа улога за него е скоро дебитантска улога која му донесе големи признанија после овој филм, а доби и номинација за Оскар. Па така со овој филм тој си ги отвори вратите во филмската кариера. 

Покрај одредената доза на напнатост која ја овозможува овој филм, верувам дека кај некој гледачи се појавува и одредена доза на морална дилема, ова го мислам за делот кога се случува самиот чин со пиратите. Самиот пролог на филмот на моменти го прикажува Филипс во одредени животни проблеми, кои ако ги споредиме со проблемите на пиратите изгледаат навистина смешно.  Филмот прикажува како овие пирати и покрај своите походи, кои наводно вредат милиони, живеат во очигледна беда и сиромаштија. На некој начин, тие се присилени да бидат пирати, што секако никако не може да биде оправдание за нивното однесување. Посебно интересен е ироничниот момент на фактот дека бродот  кој го окупираат пиратите со себе носи хуманитарни пакети. Исто така, самите ставови кои ги има капетанот Филипс на самиот почеток на филмот во одредена мера на некој начин може да се каже и дека го оправдуваат овој грабеж од страна на пиратите.  Имено, Филипс верува дека овој денешен свет е многу суров и дека низ самиот живот треба да се оди исто така сурово, како би можело да се преживее. Овие негови ставови подоцна во филмот поради сплетот на околности ќе претрпат и одредени промени. 
Филмската адаптација на приказната за капетанот Филипс всушност поседува се што треба да има еден добар филм, а неговите мани се навистина минимални.  Поради самиот факт што е снимен според вистински настан, приказнта не поседува одредени дупки или недостатоци на кои некој би можел да сугерира. За популарноста на овој филм секако дека допринесува и самиот Том Хенкс, додека истото го потврдија и остатокот од актерската екипа.   Меѓутоа неизбежно е да се спомене дека една половина од приказната е прилично досадна и едноставно може да се почувствувате дека сакате да го исклучите филмот, без разлика што претходната половина била интересна.  Тоа чувство на досада го надополнува и самиот визуелен дел. Дел од сцените се многу слични едни на други, се добива чувство како постојано да се набљудува од еден те ист кадар.  



0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates