Home » , , , , , » Dangal (2016) [Рецензија]

Dangal (2016) [Рецензија]

Geeta's wedded friend: I wish God had given me such a father. At least your father thinks about you.
Режисерот Нитеш Тиварис (Nitesh Tiwari's) со својот амбициозен филм во времетраење од 2 часа и 40 минути не само што ја раскажува приказната за раните години од животот на сестрите кои се индијски олимпијки во боречки вештини, Гета Фогат (Geeta Phogat) и Бабита Кумари (Babita Kumari), туку посветува и внимание на нивниот татко, Махавир Синг Фогат (Mahavir Singh Phogat) кој го игра познатиот индиски актер Амир Кан (Aamir Khan) 
Махавир Синг Фогат (Кан) е талентиран борач од еден мал град во Харајана, кој освои национални златни медали, но не можел да си дозволи да продолжи со меѓународна кариера и бил принуден да се откаже од сонот за спортска слава поради семејната сиромаштија. Меѓутоа стариот Фогат вети дека ќе го обучува својот иден сеуште нероден син  во боречки вештини за да биде шампион. Сепак, судбината му даде четири ќерки.
Размислувајќи за тоа дека неговиот сон е мртов, Фогат и неговото семејство се сместија во необичен селски живот, при што жените беа назначени за чистење и готвење. Но, кога две од ќерките - Гета и Бабита - стануваат агресивни тинејџери кои честопати се впуштаат во тепачки со момчиња, Фогат почнува да се прашува дали можеби во нив има потенцијал.

Но, пред да може да ги обучува нив две, тој треба да ја убеди неговата сопруга (Sakshi Tanwar) и другите селани дека Гета (Fatima Sana Shaikh) и Бабита (Sanya Malhotra) не треба да бидат заклучени во "женските должности". Иако неговото размислување е автономно, Фогат ефективно станува феминист.

Остатокот од филмот служи како дел од спортската драма, дел од него зборува и за општествениот коментар за женското угнетување во Индија, кулминирајќи во шампионатот на Игрите на Комонвелтот во Њу Делхи.
Тивари успешно ја прикажува борбата помеѓу  Гета Фогат и како тоа таа се соочува со австралискиот ривал во нејзиниот обид да стане првата жена во Индија која освоила златен медал на Игрите на Комонвелтот во 2010 година во категоријата боречки вештини.

Dangal беше прикажан на 21 декември со рекордни 320 прикажувања во Северна Америка, два дена пред неговото прикажување во Индија, необична стратегија, но онаа што би можела да се исплати за UTV Motion Pictures, со оглед на докажаниот успех на ѕвездата Амир Кан со публиката надвор од домашниот пазар.
Многу од филмови на Кан во текот на децениите нудеа сложени и суптилни пораки, имено во фимот PK (2014) ги истражуваше апсурдите на религијата; 3 Idiots (2009) ги наведува ефектите од стратосферските очекувања на триото инженерски студенти; Taare Zameen Par (2007) открива што се случува во умот на дислексично дете; и Lagaan (2001) кој беше номиниран за Оскар, ја рефлектираа битката за независноста на Индија, гледана преку очите на една шарена група на играчи на крикет.

Кан е озлогласениот перфекционист, кој, наводно, добил и изгубил над 50 фунти за неговата улога - се враќа во движење во сложена и не-секогаш симпатична улога. 
Како тренер на девојчињата, тој ги принудува да се разбудат во 5 часот изутрина за исцрпувачкиот дневен тренинг режим, а кога се жалат, тој реагира со сечење на нивната коса - но сепак како посветен татко на своите ќерки во општество каде што доминираат мажи е жестоко заштитнички настроен.
За Тивари и Кан (исто така заслужен како продуцент), филмот Dangal претставува обвинение со широк спектар на полиња,  почнувајќи од неговата национална спортска федерација, раководена од од непристојни бирократи кои не се склони да го поддржат спортот од женско борење, па се до затворениот начин на размислување во мали градови.

Вреди да се спомене сцената што се случува на свадбата на еден нивен пријател, Гета и Бабита се жалат на 14-годишната невеста дека нивниот татко е премногу строг и ги тренира премногу немилосрдно, а на тоа нивната пријателка им одговара: "Би сакал татко ми да е како твоја", вели тивко нивната пријателка. "Одам да готвам и чистам за човек што никогаш не сум го сретнала. Твоите барем се грижат за твојата иднина.".
Dangal е ефективен бидејќи е толку возбудлив да се гледа, не само што семејните сцени се толку реално претставени, туку и тоа што Тивари се приближува до боречките секвенци со интелигенција и чувствителност.


0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates