Home » , , , , » What Happened to Monday (2017) [Рецензија]

What Happened to Monday (2017) [Рецензија]

Terrence Settman: What happens to one of you, happens to all of you. 

What Happened to Monday е проект на продуцентската куќа Нетфликс. Овој пат станува збор за дистописки научно-фантастичен филм на Tommy Wirkola. Покрај високата продукциска вредност што ја има филмот тоа што го издвојува е исто така  и глумицата Noomi Rapace која игра улога на една од седумте сестри.

За некои педесетина години планетата Земја доживува криза поради преголемата пренаселеност и недостатокот на храна. Преку одредено генетско модифицирање што го направиле научниците започнува да се зголемува бројот на раѓање на близнаци, тројки и т.н. Поради тоа се воведува ограничување да секое семејство мора да има само по едно  дете. Меѓутоа во еден стан живеат седум идентични сестри кои ги одгледува нивниот дедо Willem Dafoe. Тие се викаат според денот во неделата, сите седум сестри имаат еден идентитет и  секоја излегува надвор според денот што е во неделата. Заплетот се случува во моментот кога една вечер Понеделник нема да се врати во станот. 


Сценариото и не е толку целосно разработено бидеји постојат уште голем број на елементи што можеле да ја надополнат приказната. Имено, според мене многу повеќе би ме интересирало да видам како тие седум сестри растат заедно како се справуваат со ситуацијата да бидат постојано затворени дома, а исто така и дистописката тема можела да има дополнителна разработка.

Но исто така треба да се пофали и секторот костимографија кои внимавале на секој детал и направиле соодветен баланс помеѓу сите карактери и секој елемент што го имаат со себе им отцртува некаква карактеристика. Единствено што може да се каже како замерка е тоа што сестрите се класичен архетип како што се „geek girl“ или „sexy girl“ кои воопшто не се целосно разработени, но сепак преку детали успеале да им даде живот на овие ликови. Ова најмногу се гледа во сцените кога сестрите се на иста маса и имаат меѓусебен дијалог. 


Наместо доработката на овие ликови, акцентот на филмот е ставен на  бруталната акција. Главната глумица веќе ја имаме претходно видено во филмот Prometeus така што претпоставуваме дека ова воопшто не и било проблем да изигра филм од оваа категорија како што е дистописка научна-фантастика во која треба да покаже квалитетна акциона хероина.  Иако очекував малку повеќе драма, наместо тоа добив акција, една од сцените која може да се издвои бидејќи остава впечаток а учествуваат сите сестри е масовната тепачка во која сите сестри покажуваат различен начин на тоа како тие реагираат на насилство и како тие се справуваат. 

What Happenеd to Monday е дистописка акциона научно-фантастича драма која има интересен концепт и голем потенцијал, но на крајот остава прекрасен визуелен впечаток.


0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates