Home » , , , , , » Forrest Gump (1994) [Рецензија]

Forrest Gump (1994) [Рецензија]

Forrest Gump: My Mama always said you've gout to put your past behind before you can move on . 


Кога ќе се споменат оскарите од 1994 година прво што на познавачите на филм им доаѓа на ум се трите маестрални филмови кои се појавија таа година. Имено прв на листата е Shawshank Redemption од Френк Дарабонт (Frank Darabont) кој бил номиниран во седум категории, но не успеа да освои ниту една златна статуетка, потоа следува Pulp Fiction на Квентин Тарантино (Quentin Tarantino) кој покрај седумте номинации осви статуетка за оригинално сценарио, додека апсолутен победник е филмот Forrest Gump на Роберт Земекис (Robert Zemeckis) кој бил номинирам во тринаесет категории а освоил шест Оскари. 

Форест Гамп претставува слика на тоа што милион луѓе пред него и тоа што милион луѓе после него ќе сакаат да го остварат, а тоа е американскиот сон. Скромен, брутално искрен и симпатично наивен, без никаква поткрепа и скршена пара во новчаникот тој успева да оставри скоро се што може да се направи, па дури и да се ожени за девојката која ја сакал од неговото детство. 
Во филмот ја има и суптилната американска пропаганда која нив им поддржува својствен начин на живот, а додека пак од друга страна одредени критичари сметаат дека овој филм претставува како еден вид на благ саркастичен приказ на токму таквата идеологија.

Паралелно со неговата приказна, сценариото се занимава и со животот на Џени, девојка која Форест ја запознал уште за првиот училишен ден. Таа за разлика од Форест се приклучила кон движењето кое јасно и гласно се борело против американскиот систем  и тому поради тоа е прикажана како понижена жена која нема никаква надеж за иднината.  Форест од друга страна ниту во еден момент не поставува премногу прашања и слепо ги следи поставените правила кои го водат до конечниот успех.  Навистина се голем број на примери од таквиот вид на пропаганда.

Од технички аспек филмот е обработен перфектно. Robert Zemeckis има вложено многу голем труд за време на снимањето, а голем дел од сцените може да се карактеризираат како еден вид на мајсторска режија.  Книгата сама по себе била одличен материјал за сценарио кое го доработил оскаровецот Ерик Рот (Eric Roth), а може да се каже и дека воопшто не се штедело и на специјалните ефекти.

Глумата во филмот е на многу високо ниво. Дефинитивно се издвојува фантастичниот Том Хенкс (Tom Hanks) кој освои Оскар за главна машка улога и тоа две години по ред.  Тој едноставно пружа маестрален перформанс кој на моменти не води да ја доживееме истата радост што ја доживува тој и ни мами насмевка на нашите лица, додека во друг момент не носи до степен да бидеме премногу тажни и да го жалиме.  Токму во тој лик вешто е избалансирано помеѓу комичар и трагичар, а тука лежи и магијата на целиот филм. 

За крај секако вреди да се споменат и  Робин Рајт (Robin Wright) во улогата на Џени и Гери Синајс (Gary Sinise) како Ден Тејлор.

Доколку сеуште го немате погледнато овој филм тогаш е време да го направите тоа.

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates