Home » , , , , » Frankenweenie (2012) [Рецензија]

Frankenweenie (2012) [Рецензија]


Mr. Rzykruski: Science is not good or bad, Victor. But it can be used both ways. That is why you must always be careful.


Идејата за овој црно-бел 3D анимиран филм Frankenweenie е зачната уште во далечните осумдесети за да во 1984 биде преточена на целулоидна лента како краток игран филм со Барет Оливер (Bareet Oliver) и Шели Дувал (Shelley Duval). Во основа ова е стара приказна за пријателството меѓу човекот и кучето која се продлабочува со додавањето на митот за доктор Франкенштајн и неговото чудовиште која е приказна од Мери Шели (Mary Shelley), и токму таа приказна му помогнала на Тим Бартон (Tim Burton) да се афирмира во светот на филмот, но исто така токму ова филмско остварување била и причината да биде отпуштен од компанијата Дизни поради темната атмосфера која ја претставил. 
И во двете верзии младич со име Виктор Франкенштајн (Charlie Tahan) се обидува да го врати своето омилено куче Спарки назад во живот. Па понесен од неговите знаења за тоа како нервите на мртвите организми и понатаму делуваат на струја, решава да направи нешто слично и врз неговиот миленик со цел да го врати меѓу живите.  Овој експеримент на Виктор се покажува како успешен, но сега се поставуваат неколку прашања во однос на тоа како ќе реагира околината на тоа дека токму ова момче за час си играл Господ, или пак на неговите соученици кои се подготвуваат за годинешниот саем на наука. 

Иако во оригиналот е само еден обичен дечко кој го сака своето милениче, тука новиот Виктор ни е претставен како несфатен млад дечко на кој единствен пријател му е кучето Спарки.  Во оваа нова верзија исто така се појавува и одредена сосетка на Виктор како и еден љубовен интерес.  Филмот е полн со вакви алузии, референци и пародии како визуелни така и во делот на дијалогот.  На пример, една почината желка е наречена Шели, што истовремено е и поздрав за истовремено животно од таа врста, лик од „Улицата Сезам“, но исто така и Мери Шели, авторката на Франкенштајн

Воведени се и одредени деца од класот на главниот лик и секој од нив има важно место но никој не е далбински разработен. 

Најголеми предности кои со себе ги носи ова дело на Бартон лежат во неговите аудиовизуелни ефекти, звучни ефекти, музика и актерска гласовна игра. 

Анимацијата е одличка како и секогаш кога е во прашање овој режисер. Визуелно може да се каже дека Frankenweenie најмногу потсетува на Corpse Bride но приказната и атмосферата се сосема различни. 

Иако овој филм е еден од поновите на Тим Бартон, Frankenweenie не може да стори рамо до рамо со некои од претходните дела на овој режисер, но тоа не значи дека овој филм е лош. Најверојатно овој филм ќе им се допадне на интровертните тинејџери но и на љубителите на анимацијата, мрачната атмосфера но и љубителите на делата на Бартон.  


Александар Арсовски | Филмска анализа

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Powered by Blogger.

Архива

 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates