Home » , , , , » Ex Machina (2014) [Рецензија]

Ex Machina (2014) [Рецензија]


Nathan: One day the AIs are going to look back on us the same way we look at fossil skeletons on the plains of Africa. An upright ape living in dust with crude language and tools, all set for extinction.

Ex Machina е тежок филм кој обработува една тема која секое свесно човечко суштество малку и го замислува. Есенцијалното прашање се сведува на нашата иднина во една консталација на сили, каде што човекот и роботот живеат во една симбиоза.  А дали иднината ќе ни биде светла или не очекува некое несакано сценарио кое не сакаме да го прифатиме. Ако се подзамислиме во однос на тоа како денес живееме во модерните и урбани средини јасно е дека ни годи што живееме во дигитално време и ги уживаме благодетите на високата технологија. 
Но се си има своја цена па така насекаде околу нас има камери, добиваме вознемирувачки содржини а постојат голем број на измами, па така и нашата интима полека но сигурно се нарушува и губи. 

Кејлеб (Domhnall Glesson) е млад и способен програмер во нјголемата интернет компанија во цел свет. Тој добива големо признание како победник на еден натпревар организиран од страна на компанијата.  Потоа му следува заслужена награда, но тоа не е парична награда или некоја благодарница туку шанса да продолжи понатаму, па заминува во ексклузивното одмаралиште на директорот на  компанијата Нејтан (Oscar Issac). Меѓутоа вистинската причина зошто токму тука се среќаваат далеку од целата цивилизација ќе му ја открие директорот за некое време подоцна.  Нејтан сака Кејлеб да учествув а во едно тестирање на најновиот продукт со вештачка интелигенција - женски робот со име Ава
Алекс Гaрланд (Alex Garland) наизглед поставува навистина едноставна приказна. Во еден целосно изолиран простор поставува приказна меѓу три несекојдневни ликови, кои се заплеткани со разни игри каде што интелектот е главен адут.  Борбата за тоа кој ќе биде лидер и ќе владее со ситуацијата не бира средства, па така главните актери се вовлекуваат во манипулации, нивната анализа ја гледаме низ разни тестови, а по обичај во секоја игра имаме само еден победник, па така и во овој филм преку сугестивна режија суптилно ни се открива каков би бил конечниот расплет. 

Дијалогот е навистина одлично осмислен, особено меѓу Кејлеб и Ава каде што се создава една врска која е тешко да се дефинира доколку се гледа од една поконзервативна точка на гледање. 

Во таа клаустрофобична атмосфера актерската игра е од големо значење за целиот квалитет на филмот. Па така изборот на оваа мала актерска екипа е вистински погодок. Домхол Глисон (Domhnall Glesson) и Оскар Исак (Oscar Issac) нудат одлични перформанси  и навистина одлично отсликуваат двајца визионери. Уште на прв поглед сфаќаме дека тие се силни индивидуалци, луѓе кои се далеко и длабоко загледани во блиската иднина. 

Спроти нив се наоѓа Алисија Викандер (Alicia Vikander), девојка која со големи чекори се движи само напред. Нејзината најзначајна улога во нејзината кариера беше епизодната улога во The Fifth Estate. Додека во овој филм со ликот на Ава без никаков сомнеж тааа е фасцинантна, има направено навистина одличен сублимирачки лик па така што и разбирливо е зошто предизвика толку многу контроверзии. 

Кога станува збор за роботи, одма се поставува прашањето колку е подготвена продукција за да го изведе тоа. Ако имаме скромен буџет од 11.000.000 евра мора да се констатира дека е постигнат одличен резултат. Имено користењето на вселенска инфраструктура од познатото Pinewood Studios во Англија се покажало како вистинско реженија. Ефектите исто така се импресивни па се покажало дека со малку пари може да се направи навистина раскошен визуелен филм. 

Саундтракот навистина добро се вклопува во целиот филм, особено на самата завршница. А што се однесува до локациите на кои е снимен филмот се навистина фантастични. Еден добар дел од филмот е снимен во Норвешка како што е ексклузивното одмаралиште и лабараторијата, тие се снимени во еден хотел во Норвешка (Juver Landscape). 

За крај може да се заклучи дека Ex Machina има препознатлив визуелен идентитет, обработува интригирачка содржина која несомнено си поигрува со sci-fi фановите. Филм кој отвара многу прашања и допира до различни сфери од сите друштва. 




Александар Арсовски | Филмска анализа

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates