Home » , , , , » The Leftovers (2014–2017) [Рецензија]

The Leftovers (2014–2017) [Рецензија]



Back then, when everybody thought the world would last forever, nobody had time for anything.


Дејмон Линделоф (Damon Lindelof) кога го подготвувал новиот проект бил со намера да биде со сличен стил како што му бил претходниот, па започнува соработка со писателот Том Перота (Tom Perrotta) и решава да направи екранизација на неговата книга Преостанати (The leftovers).  Содржината од книгата е сместена во првата сезона, додека наредните две сезони се оригинален материјал напишан за потребите на серијата. 

Дејствието на првата сезона започнува три години по ненадејното исчезнување на 2% од светската популација, сместено во Мејпелтон во Њуjорк и следи ликови кои на различни начини се обидуваат да се изборат со трагедијата додека бараат одговори на прашањата поврзани со овој неочекуван природен феномен. Се поставуваат прашањата од стилот, каде се заминати тие што исчезнаа, на кој начин беа одбрани да заминат, а покрај сето тоа, започнуваат да се создаваат и одредени религиски како и философски групи, а понекогаш е потребна само мала искра за да ескалира насилството во градот. 
Во центарот на сите случувања е сместен Кевин Гарви (Justin Theroux) шеф на полицијата на Мејплтон, на кој сеуште му нема никој исчезнато, но тој настан и те како влијае на неговото семејство.  Неговиот татко (Scott Glenn) завршува во ментална институција, сопругата (Amy Brenneman) станува член на секта, синот (Chris Zylka) го напушта факултетот и станува следбеник на еден волшебник, додека ќерката (Margaret Qualley) се повеќе се повлекува во себе.  Освен семејството Гарви следиме уште неколку ликови меѓу кои се истакнуваат Мет Џејмисон (Christopher Eccleston), ексцентричен свештеник во локалната црква, како и Нора Дурст (Carrie Coon) која на тој 14 октомври останува без својот сопруг и двете деца.

Три години после исчезнувањето на 140 милиони луѓе, светот повторно пробува да се врати во нормала, но поединци не дозволуваат тоа туку така лесно да се заборави. Меѓу нив е и Guilty Remnant, чијшто членови се облечени во бело и не зборуваат, но исто така се и најрадикалните потсетници на немилите случувања. Самиот чин на губењето е совршено претставен во една од првите сцени на почетокот на самата серија - мистериозен, моменталнен и целосно необјаслив настан, но после сите настани повторно се поставува прашањето, дали можеби повторно ќе се случи истото наредната година. 
Преостанати е далеку од типичните серии кои ќе ви дадат објаснување на тоа што го гледате.  Како што одминуваат епизодите сфаќаме дека главната тема не е изненадното исчезнување и објаснувањето зошто тоа се случило туку како луѓето кои изгубиле некој се чувствуваат и како се справуваат со тоа.  Така што одговорите што ги дава третата сезона се сосема нешто друго во однос на тоа што сме се прашувале во првата сезона, така што поголемиот дел останува на слободната интерпретација на гледачот.  Поголемиот дел од ликовите сметаат дека позади сето тоа стои Господ, додека свештеникот Мет пропагира дека сето тоа е еден голем тест за нешто поголемо што треба наскоро да се случи. 

Со губењето на луѓето започнува да владее хаосот во градот, а за чувањето на редот и мирот задолжен е Кевин Гарви. Тој е добронамерен но не е свесен дека луѓето секој миг може да експлодираат и да го уништат цел град. 

Низ епизодите гледаме доста флешбекови, но тие често служат како приказ на халуцинации отколку на класично објаснување, бидејќи објаснувањата можеби постојат во нивните глави или можеби се некој вид на мемории кои можеби и не се случиле. Исто така важна карактеристика на оваа серија е тоа што поголемиот дел од работие се случуваат надвор од екран па така што ние не го гледаме самиот процес на некое случување туку само конечниот резултат. 

Серијата Преостанати има навистина интересна приказна која се поврзува со универзумот, постоењето, а целта или загубата добро ќе не замислат. Ликовите се навистина впечатливи, добро карактеризирани и соодветно се трансформираат како што поминува сезоната.   Серијата визуелно е доведена до совршенство и поседува одличен саундтрак, меѓутоа некои најверојатно знаат да замерат поради тоа што не дава одговори на зададените прашања или пак поради тоа што понекогаш има недостаток на тензии или бавно темпо. 





Александар Арсовски | Филмска анализа


0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates