Home » , , , , » Avengers: infinity war (2018) [Рецензија]

Avengers: infinity war (2018) [Рецензија]


Loki: [to Thanos] You will NEVER be a god!

Бидејќи Одмазниците и нивните сојузници продолжуваат да го штитат светот од големите закани, новата опасност која се појавува е: Танос.  За се што се бореа Одмазниците претходно доведува до овој момент - судбината на Земјата но и самото постоење никогаш не било толку неизвесно.

Режисери се Joe и Anthony Russo, а ѕвезди на филмот Avengers Infinity War се: Robert Downey Jr., Chris Evans, Chris Hemsworth, Mark Ruffalo, Scarlett Johansson, Jeremy Renner, Elizabeth Olsen, Paul Bettany, Chris Pratt, Zoe Saldana, Dave Bautista, Bradley Cooper, Vin Diesel, Pom Klementieff, Karen Gillan, Sean Gunn, Benedict Cumberbatch, Tom Holland, Sebastian Stan, Chadwick Boseman, Samuel L. Jackson, Cobie Smulders, Benedict Wong, Tom Hiddleston, Tessa Thompson, Benicio Del Toro, Danai Gurira и Josh Brolin.

Одмазници: Војна на бесконечноста
е совршен филм со суперхерои, полн со неизвесност, комедија, драма и забавна интеракција меѓу јунаците, разни борби и прилично епско финале на последната битка.  
Филмот започнува со воведување на главниот негативец Танос. Имено режисерот се обидел значително да го хуманизира Танос и се обидел да направи подоцна да сочувствуваме со него и да ја доживееме неговата болка. Во одредени моменти може да се каже дека тоа хуманизирање се случува со брзо темпо и тоа во некои навистина драматични сцени. 

Исто така ќерките Гамора и Небула имаат многу голема улога отколку што се очекуваше, но исто и нивните ликови експресно беа префрлени од едена крајност во друга.  

Со овој филм добивме приказна за пореметеното сфаќање на Танос во врска со семејството, но до тоа требало да се дојде многу порано, и многу посуптилно, бидејќи нападното хуманизирање на Танос на моменти доаѓа како збунувачко изненадување.



Средниот дел на филмот е најдолг и може да се каже малку досаден бидејќи со помпезниот почеток се очекува темпото да не се менува, но тоа не се случува, но иако средишниот дел на филмот е најдолг може да се каже дека е и најважен затоа што дава длабочина на главниот негативец, но и на целата приказна.  Тој средишен дел конечно ги поврзува сите приказни од досегашните 18 фимови и не воведува во една завршница која е целосна акција - и тоа на повеќе нивоа.  


Алан Силвестри (Alan Silvestri) со својата нова композиција навистина добро го „подмачкал“ поголемиот дел од филмот. 

Освен тоа исто така браќата Русо успеале совршено да направат монтажен баланс меѓу десетици подеднакво важни ликови како и трагичната приказна на најсериозниот негативец до сега и сето тоа на повеќе планети.  

За крај, ова е возбудлив филм полн со забавни моменти и возбудувања и неколку кратки емоционални моменти. Ова е филм за војната за волшебните камења на бесконечноста како и потсетник дека некои јунаци се луѓе.  Сигурен сум дека филмот ќе сруши голем број на рекорди во САД но и низ целиот свет, но на крај ќе видиме колку сето тоа ќе биде успешно.

ПС. Останете да го гледате филмот до самиот крај, затоа што после шпицата има уште една додатна сцена.  



Александар Арсовски | Филмска анализа




0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Powered by Blogger.

Архива

 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates