Home » , , , , » The Handmaiden (2016) [Рецензија]

The Handmaiden (2016) [Рецензија]

Lady Hideko: You can even curse at me or steal things from me. But please don't lie to me. Understand?

Филмскиот режисер од Јужна Кореја Чан-Вук Парк (Chan-wook Park) пред неколку години го претстави својот неверојатен дилм кој дури направи еден свој поджанр на трилер. После талкањето низ жанровите, снимањето со ајфон и првиот филм на англиски јазик, тој реши да го екранизира романот Fingersmith на шкотската писателка Сара Вотерс. 

Дејствието во книгата е сместено во викторијанска Британија, додека тој во своето сценарио ја адаптирал во време кога Кореја била под окупација на Јапонија. Приказната ја следи Лејди Хидеко (Min-hee Kim), богата насленичка која живее на имотот од својот инцесоиден воујко Коузуки (Jin-woong Jo).  Измамникот Фуџивара (Jung-woo Ha) сака да се ожени со нејзе, па смислува начин како да ја инфилтрира Шук-Хи (Tae-ri Kim) како нејзина помошничка која има за цел да ја убедува Лејди Хедико дека Фуџивара е идеален маж за нејзе. Меѓутоа тие неочекувано тие две интимно се зближуваат, а приказната почнува уште повеќе да се комплицира, па полека се откриваат мотивите и особините на секој од учесниците како и тоа кој кого сака да го измами. 

Според зборовите на режисерот ова е пред се романтичен филм со трилерски шмек, но сепак овој филм е нешто многу повеќе од тоа. Филмот е поделен во три дела, а уште од самиот почеток не внесува во специфична атмосфера, дел за тоа заслушен е режисерот, приказната, корејско-јапонската атмосфера, а токму во моментот кога мислиме дека сега почнува полека да станува филмот досаден, режисерот ни ја трга столицата на која удобно сме се сместиле и повторно почннуваме од почеток да ги разгледуваме работите. 

Филмот има два големи пресврти но меѓу нив има уште неколку помали, на моменти може да се почувствувате збунето и дезориентирано, но ќе бидете доволно заинтригирани и во ниту еден момент нема да ви дојде да го прекинете филмот туку ќе сакате да знаете што се случува до самиот крај. Секој дел со себе носи различна перспектива на гледање на случувањата, а како се движи дејствието дака пред вас се оформува целосната слика. Сите машки ликови во филмот се претставени многу себични, сексуално оптеретени шовинисти на кои жените им служат за хранење на нивното его, се до моментот кога целосно ќе им ги замени улогите со спротивниот пол. 

Актерите кои ги играт ликовите се сензуални, убедливи, полни со човечка и пред се женствена енергија а исто така со неверојатна комбинација на мистериозност и убавина. 

Позади приказната за измамата се крие не толку типишна романтична приказна која може дури и да ја претстави сатирата за љубовта. Филмот има голем број на сексуални сцени со многу силна доза на еротика, снимени се на прекрасен начин и со одлично осветлување, а не може да се избегне да се спомене дека монтажерски се скапувале неверојатно совршено. Тие во исто време се и реалистично но и неверојтно страствени, но сепак и по малку чудни. 

Секој детал во филмот ќе ве остави без здив. На моменти има специфичен готички а на моменти надреален тон, филмот има мрачна атмосфера и изобилува со сцени кои ќе ви останат во сеќавање  и по неговото гледање.  Овој филм е вистински доказ дека режисерот Чанг-Вук Парк е еден од најдобрите режисери на денешницата. 



0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates