Home » , , , , , » Amadeus (1984) [Рецензија]

Amadeus (1984) [Рецензија]

Antonio Salieri: [to Father Vogel] I will speak for you, Father. I speak for all mediocrities in the world. I am their champion. I am their patron saint.

На самиот почеток на филмот се запознаваме со Салиери (F. Murray Abraham)  кој после обидот за самоубиство завршува во лудница, а во посета му доаѓа млад свештеник како би му ја олеснил душевната болка и така Салиери почнува да ја раскажува својата приказна. А приказната изобилува со детали за завери, морал, талент и опсесивност. Откако ја добил титулата дворски композитор Салиери доаѓа во ситуација да се запознае со младиот Моцарт кого веќе го следат гласини дека е чудо од дете.  Моцарт (Tom Hulce) е вулгарен и со голема одбивност кон луѓето кои се над него со авторитет, но исто така има доста иритирачка смеа. 

Со тек на време делата на Моцарт фрлаат сенка на Салиери кој доживува креативна блокада и поради тоа решава да ја саботира кариерата на Моцарт. Тој почнува да шири гласини, да го шпиунира па дири и да го уценува Моцарт. 

Милош Форман (Milos Forman) брилијантно го доловува овој период - музичари, прослави, забави, слуги, судски чиновници и гробари, но и царот Jосиф Втори кој балансира меѓу љубовта кон музиката и целосното одсуство на музички талент.  Централното внимание во филмот секако го зазема музиката, особено со сцените каде што има опера. Описите на музиката се елоквентни и искрени, ние постојано ја слушаме со акценти на познати делови кои Салиери психолошки ги толкува. Додека режијата на операта е навистина драматична и моќна. 

Ниту еден тон во филмот не дело на некој друг композитор освен Моцарт Секвенците во кои ликовите свират на музички инструменти се до детал обработени па така што ниту еден единствен тон не е погрешно отсвирен.  Операта „Дон Џовани“ е снимена на локацијата на која за прв пат премиерно била изведена. Само за четири сцени е изграден сет, сите други се снимени на локација. 
Самата глума во филмот е извонредна. Двајцата главни ликови беа номинирани во категоријата за главна машка улога, а победата ја зема Ф. Мареј Абрахам за улогата на Салиери, кој друи за самата улога ги научил сите ноти и станал музички пообразован. Додека пак Том Хулс секојдневно вежбал по четири часа на пијано за самата улога и потребите на снимањето. 
Костимите се создадени на основа на забелешките и музејските експонати. Ниту една сцена во филмот не е снимена со вештачка светлина.  Неизбежно е да се спомене дека филмот има осум оскари (најдобар филм, машка главна улога, режија, сценарио, костим, звук, шминка, декорација на сет).

Филмот е специфичен по тоа што постигна релативно добар комерцијален но и критички успех, а освои и големи награди. 




0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates