Zula: He mistook me for my mother and a knife showed him the difference.
Во филмот Студена војна дејствието ја следи страсната љубовна приказна помеѓу двајца млади луѓе од различно потекло, темперамент и животна филозофија. Тие се емотивно осудени еден кон друг но судбината си поигрува со нив и не им дозволува да уживаат во својата љубов. Виктор (Tomasz Kot) е професионален музичар додека Зула (Joanna Kulig) пејачка која е на самиот почеток од својата кариера. Доаѓа од село и со сомнителна позадина т.е криминално минато. Приказната е сместена за време на сутдената војна и ги следи главните јунаци низ низа од неколку години прикажувајќи ни ја нивната невозможна љубов.
Откако поминуваат одредено време заедно, криејќи ја својата афера, остатокот од своите животи го поминуваат воглавно одделени еден од друг. Следејќи ги нивните средби за период од дваесетина минути ние поминуваме низ период од петнаесетина години. Нивните средби на почетокот се многу романтични и страствени, а со тоа ни оставаат впечаток дека се вљубени еден во друг или барем така веруваат. Меѓутоа, тие нивни средби полека преминуваат во рутина каде што само ги задоволуваат сексуалните страсти, несигурност, лутина и секако љубомора., а после некое време тоа завршува со огорченост која повторно ги разделува.
Во секоја сцена можеме да го видиме тоа што го кажува Виктор, а тоа е дека Зула е жената на неговиот живот. Иако сцените почнуваат романтично, овој филм ни покажува како тие може да завршат во анти-романтични па дури и до степен на трагичен филм. Ние како гледачи не ја дознаваме причината за нивната вљубеност и единствено ни останува да погаѓаме. На почетокот можеме да мислиме дека нив ги поврзува тоа што се музички талентирани, но нив двајца не ги поврзуваат заеднички идеи, мотиви или планови, ниту пак нивната романса се заснова на нешто заедничко, едноставно тие се заедно поради идејата за нивна љубов.
Но и покрај се, тоа што до некаде ги поврзува е музиката, но само до некаде, бидејќи подоцна токму таа ќе биди причина за нивно разделување. На почетокот на филмот Виктор патува низ села низ Полска и снима музика од локалните селани и така добива идеја да направи аудиција и да формира културно друштво. На тој начин и ја запознава Зула, а неговиот проект за кратко добива поддршка од полската влада и станува пропагандно средство на комунизмот. Виктор е интелектуалец кој планира да избега во Франција како би напредувал во кариерата, додека Зула е задоволна таму каде што е.
Освен што е снимен во црно-бела техника, авторот одбрал и квадрат како формат на снимање, кој може да се каже дека полека се враќа во мода. Исто како и неговиот претходен филм Ида сите ликови се во одредена перспектива. Сите кадри се длабоки, а самата длабочина е нагласена со интересно насочување на светлината, вратите од другите простории и сл. Интересно се поставени и самите ликови, ниту еднаш нема лик кој е поставен централно во кадарот, обично по краевите од кадрите или во долниот дел од кадарот, така што нагласува одредени емотивни драми кај ликовите. А за сето тоа да се постигне потребни се впечатливи глумци, како што имено е и главната двојка.
Полскиот режисер Павел Павеликовски (Pawel Pawelikowski) вниманието го привлече со неговиот филм Ида кој во 2015 година освои Оскар и БАФТА во категорија за најдобар филм со не-англиско говорно подрачје. Станува збор за минималистичка драма снимена во црно-бела техника со прекрасна кинематографија, а пет години подоцна пристигнува и неговиот нов филм кој го следи веќе пробаниот успешен рецепт.
Студена војна (Cold War) е романтичка драма на полскиот мајстор за визуелан перфекција, која нуди можност да уживате во секој кадар иако приказната нема можеби да ви ги исполни сите ваши очекувања.
0 comments:
Post a Comment