Home » , , , » Chernobyl (2019) [Рецензија]

Chernobyl (2019) [Рецензија]

When the truth offends, we lie and lie until we can not longer remember
it is even there. But it is still there.


Дејствието во серијата Чернобил (Chernobyl) се одвива околу вистинската приказна за една од најлошите несреќи кои ги предизвикал човекот т.е експлозија на реактор во нуклеарната електрана Чернобил. Несреќата се случила на 26 април 1986 година.

Серијата започнува со цитати од мемоарите од аудио касетите на Валери Леграсов кој на 27 април 1988 година ја храни својата мачка, го фрла ѓубрето и се беси. Човекот кој беше на чело на целиот процес околу случувањата во Чернобил и еден од највлијателните советски научници. Прогласен е за најхрабар човек кој работел на нуклеарната катастрофа.

Уште од првата епизода се наоѓаме во ситуација како и сите луѓе кои работат во нуклеарната електрана. Нема никаков вовед во однос на работата на електраната, што се подготвува и слично, туку наеднаш само се слуша експлозијата. Се забележува пожар но ништо не наговестува дека тоа може да влијае на цела Европа. Како полека се движи дејствието така стануваме свесни за тоа што го гледаме, а со секоја нова сцена и информација ние сме се повеќе воведени во случувањата.

За време на паниката во електраната го следиме и надзорникот Анатолиј Дијатлов кој негира дека експлодирало јадрото. Главниот човек во Чернобил тврди дека компјутерот не ги покажува вистинските резултати. Иако гледа дека воздухот е вжештен, ги гледа колегите како плукаат крв но и  како пепелата се шири низ градот, тој сепак е сигурен дека не е возможно јадрото да експлодира и дека нивната руска технологија им покажува грешен резултат. Или поинаку кажано, не сака да го види тоа што очите го забележуваат.

Низ серијата ги следиме храбрите луѓе кои се жртвувале со цел да ја спречат неизмерната катастрофа, ги следиме научниците кои истражуваат како и зошто дошло до таа катастрофа, што превземеа КГБ во одност на тоа и зошто Сојузот сака да  го заташка ова прашање.

Жителите на околните места воглавно не ни знат што точно се случва, бидејќи се изгледа нормално, како да е еден обичен ден, но потоа наеднаш доаѓа наредба да напуштат се што имаат. Оваа несреќа дирекнто влијаела на над десетина илјади луѓе. А што се однесува во однос на вработените, тие давале се од себе за да се справат со ситуацијата, несвесно колку тоа ќе влијае на нив.

НВО ништо нема препуштено на случајности. Серијата се снимала повеќе од четири месеци во Игналин, угасената нуклеарна централа во Висагинасу (Литванија),  на локации низ Украина каде што сеуште има автентична советкса атмосфера. Визуелно се следи совршено самата приказна. Како моменти кои треба да се споменат се сцените меѓу кои: кога доаѓа министерот на рударство и има средба со рударите, или пак таа кога се покажува како децата одат на училиште и одеднаш птица паѓа од небото.  Со еден збор совршено споени елементи кои буквално целосно не внесуваат во една средина и не направија да се чувствуваме како да живееме со тие ликови заедно. Сценариото нема наратив во класична смисла, повеќе преставува еден вид на длабока анализа за се тоа што се случило после катастрофата.

Авторот на серијата Краиг Мазин (Craig Mazin) и режисерот Јохан Ренксу (Johan Rencksu) успеале да постигнат скоро па документарна автентичност, иако се зборува на англиски јазик. Некои сметаат дека тоа е единствена замерка за серијата, но доколку се посветите целосно на приказната и го доживеете тоа што се прикажува на екранот целосно небитно ќе биде на кој јазик зборуваат ликовите.

Во серијата неверојатно добро се вклопија главните актери, Стелан Скарсгад (Stellan Skarsgard) во улогата на Борис ШчербинЕмили Ватсон (Еmily Watson) - измислена научничка која истажува за несреќата и Џеред Харис (Jared Harris) во улогата на Ваери Леграсов, заменик директор на институтот во Курчатков.





0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates