Home » , , , , , » The Man Who Killed Don Quixote (2018) [Рецензија]

The Man Who Killed Don Quixote (2018) [Рецензија]

Toby: Now he actually believes he’s Don Quixote.

The Man Who Killed Don Quixote е филм на Тери Гилијам, и е според романот на Мигел Де Сервантес, Дон Кихот.  Овој филм помеѓу јавноста е познат како проколнат проект бидејќи Гилијам пробувал осум пати да го сними овој филм во последните 19 години и сега конечно успева да го реализира. 


Филмот ја следи приказната на Тоби (Adam Driver), циничен и доста вообразен режисер кој се прославил со дебитантскиот уметнички филм снимен во Шпанија. Неколку години после тој филм тој прави спот не толку далеку од истата локација каде што го снимал својот филм. Тој во меѓувреме одлучува да го посети повторно тоа село, а тогаш дознава дека неговиот филм многу влијаел на животот на дел од тамошните жители. Тоа најмногу се однесува на Хавиер Санчез (Jonathan Pryce), стариот чевлар, кој моментално живее во заблуда дека тој е вистинскиот Дон Кихот додека пак тој Тоби го гледа како да е неговиот верен придружник Санчо Панса.
По нивната средба започнуваат низа на комични и нереални авантури, а низ нив Тоби е принуден да се соочи со тоа што ги променил нивните соништа и фантазии. Низ овој пат Тоби нема да може да разликува што е фантазија а што реалност, но ќе научи дека треба да ја врати човечноста во себе.  


Многумина со нетрпение го чекаа ова остварување на режисерот Тери Гилијам а со самото тоа и многумина имаа многу големи очекувања.  За филмот може да се каже дека на моменти изгледа малку збркан, но воедно во него владее една магична енергија.  Ликовите се од вистинско крв и месо, но нивните размислувања се од друга димензија.  
Во однос на музиката мое да кажеме дека навистина добро си се вклопува во самите сцени и од монтажерски аспект е солидно спакуван целиот филм

Елементот на гротеска се вистински украси на приказната која воглавно се наоѓа во реалниот свет. Додека верувањата на Хавиер се толку заразни па на моменти Тоби почнува да верува во неговите фантазии. Како што полека започнува да се повлекува реалниот свет ние влегуваме во бурната фантазија на Тери која на моменти е премногу сериозна а на моменти екстремно детска. 


Доколку сте љубител на делата на Тери Гилијам тогаш ова е еден од неговите филмови кој треба да го поледнете.

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates