Home » , , , , » Hotel Transylvania (2012) [Рецензија]

Hotel Transylvania (2012) [Рецензија]

Dracula: She was kill by your kind.
Кевин Хејгман (Kevin Hageman) ја напиша иновативната приказна Хотел Трансилванија од која сценаристичкиот тим под водство на Питер Бејнхам (Peter Baynham) го направија овој анимиран филм.  Односот меѓу татко и ќерка тинејџерка послужил како лајтмотив околу кој се развива целиот наратив. Тоа што ретко кој ќе го остави рамногушен е поставувањето на приказната од страна на монструмите, што значи дека луѓето ни најмалку не се претставени во африрмативен контекст. Човечкиот фактор го загрозува опстанокот на мрачните чудовишта и тоа без ни најмала намера да покаже малку толеранција. 

Грофот Дракула (Adam Sandler) од руинираниот замок од 1898 година направил засолниште за него и неговата сакана ќерка Мејвис (Selena Gomes). Имено Мејвис е тинејџерка и наскоро треба да го прослави својот 118 роденден, па нејзинот горд татко организира голема прослава каде што ги поканува сите легендарни чудовишта за да имаат неверојатен викенд полн со дружба. На забавата се појавуваат: Франкенштајн (Kevin James), волкот Вејн со семејството (Steve Buscemi), невидливиот човек Грифин (David Spade), мумијата Мареј (CeeLo Green) и многу други. 
По се изгледа дека ништо не може да ја расипе пријатната роденденска атмосфера, меѓутоа на влезната врата се појавува и Џонатан (Andy Samberg) млад дечко со авантуристички дух. 
Овој филм ни ги претставува чудовиштата во сосема поинакво светло, како ликови со човечки особини, па така режисерот ни претставил интересна приказна која наиде на добри реакции од страна на публиката.  Внимателно смислената интеракција меѓу протагонистите ја внесува таа минимална доза на драматургија. Особено уверливо изгледа релацијата татко-ќерка, т.е поконкретно односот меѓу заштитнички настроениот татко и слободоумната ќерка во која е присутен тој тинејџерски дух, и со нетрпение чека да се осамостои и да излезе од родителската сенка. 

Дракула има своја тажна позадина (ја изгубил сопругата),  а поради таа причина тој станува целосно посветен на семејството т.е во одгледувањето на ќерката. Поради непријателското опкружување неговиот живот дополнително се отежнуваа.  Додека ќерката Мејвис е подготвена да ја искорист секоја прилика за возбудлива авантура како би го запознала светот околу себе и секако би нашла дечко за себе.  Се разбира нејзин партнер ќе е Џонатан, кој е атекватно претставен како добар, чесен дечко кој секогаш гледа од ведрата страна на животот. 

Филмот има динамична приказна, одличен хумор, пристоен заплет и урнебесно комичен расплет.  Музичката подлога е на Марк Мадерсбу (Mark Mothersbaugh) кој веќе има претходно работено на слични анимирани филмови. 

Овој филм нуди добра забава така што освен насмевка на лицето кај децата истата таа насмевка на одредени моменти може да се појави и кај највозрасниот гледач. Визуелно сработен на солидно ниво и оваа анимација навистина дава посебен шарм.




Александар Арсовски | Филмска анализа

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates