Home » , , , , » The Room (2003) [Рецензија]

The Room (2003) [Рецензија]

Johnny: YOU ARE TEARING ME APART, LISA!

Постои одредена категорија на филмови кои се навистина лоши но во себе содржат дух кој го тераат гледачот повторно да се врати кон нив и да ги погледне, или поинаку кажано, толку лоши што се добри во тоа да бидат лоши.  Еден од таквите филмови е Plan 9 from Outer Space од 1959 година, кој се смета за прв ваков филм. 

Но, сепак најпопуларен пример од оваа класификација на филмови е доста познатиот The Room од 2003 година кој тогаш го режира еден целосно анонимен лик, а денес толку мистериозен Томи Визо (Tommy Wiseau). Овој филм многумина го сметаат за најлошиот филм некогаш снимен, но тоа е и една од причините за неговата популарност, бидејќи сепак публиката сака да дознае зошто баш овој филм е најлошиот филм на сите времиња.  Дел од публиката дури и останува воодушевена од тоа што го гледа во филмот, па дел од тие реплики и продолжуваат да се користат и понатаму. Грег Сестеро (Greg Sestero) кој е еден од глумците во филмот издава книга со наслов Катастрофален уметник (The Disaster Artist) која детално опишува за сите работи поврзани со снимањето на овој филм. Филмот и книгата повторно беа во центарот на вниманието па Џејмс Франко ја снимија и истоимената екранизација на оваа книга. 

Дејствието на филмот е сместено во Сан Франциско и го следи Џони, човек кој живее убав живот, има одлично платена работа како банкар, еден куп пријатели и прекрасна вереница Лиса (Juliette Danielle) со која е во врска седум години. Џони е омилен во друштвото и секогаш е подготвен да им помогне на сите на кои им треба помош. Во меѓувреме Лиса запаѓа во монотонија и сфаќа дека повеќе не го сака Џони, но нејзината мајка Клодет ја убедува да остане со него и да не се откаже така лесно, бидејќи тој сепак финансиски се грижи за нејзе.  Меѓутоа Лиса наоѓа внимание во пријателот на Џони, Марко - и од тогаш повеќе ништо нема да биде исто. 

Ова е филм за пријателството, љубовта, довербата но и приказна за скршените срца, но неизбежно преполн со урнебесен хумор.  Приказната во филмот се базира на живото на Визo кој во 2001 година го напишал за театарска претстава. Потоа следи книгата од 500 страници која ниту еден издавач не сакал даја издаде и на крај тој пишува сценарио за филм. Визо сам обезбедил шест милиони долари колку што чини буџетото на филмот и инсистирал да биде главен и одговорен за се, иако немал никакво искуство во филмската област.  Иако никаде никогаш не бил рекламиран, овој филм ја стекнал најголемата популарност во ноќните проекции и од тогаш сеуште е популарен.
После првите неколку минути на неверување на тоа што го гледате, започнувате да се навикнувате на лошата глума и тоа воопшто не ви пречи, и таман се навикнуваме на тоа, од нигде никаде се појавува некоја сосем откачена реплика без никаков контекст. Таман мислите дека сте го разбрале главниот заплет во приказната се појавуваат неколку подзаплети кои на крај не водат никаде. Глумата, монтажата, музиката, сценариото и продукцијата се навистина лоши но сепак доволно добри за да сакаме да го погледнеме. 

Визо сакал неговиот филм да биде драма, па затоа додавал силни елементи како би постигнал драмски ефект. Како што е неверството, кое само по себе е драматично.  Но од романтичка драма филмот некако преминал во црна комедија, но пак во други анализи може да се заклучи дека и дури и не може да се вклучу ниту во таа категоризација.  Ликовите се неверотјатни, бидејќи секој пат имаат неочекувана реакција и менуваат ставови од сцена во сцена, но таман мислите дека повеќе нема што да ве изненади, на половина филм еден од актерите е заменет со друг, а за тоа нема соодветна причина, туку само така. 

Некои сметаат дека сете ова во филмот било можеби и дури намерно така направено, па токму затоа овој филм е толку добар. 

0 comments:

Post a Comment

Facebook страница

Режисер

Powered by Blogger.
 
Copyright © 2015 Филмска анализа
Blogger Templates